Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Едно навидум совршено семејство се сели во луксузно соседство. „Џонсови“ се побогати од сите други семејства во градот. Проблемот е што тие не се семејство, туку вработени во прикриена маркетиншка организација...Едно совршено семејство се сели во богато соседство, импресионирајќи ги локалните жители и вклопувајќи се во секој аспект на заедницата, сé додека една ненадејна трагедија не ги присилува да ги преиспитаат своите приоритети. Стив (Дејвид Духовни) и Кејт Џонс (Деми Мур) имаат сé што може да посака еден среќен брачен пар. Нивните деца, Џен (Амбер Херд) и Мик (Бен Холингсворт) се интелигентни и привлечни и живеат во богато соседство, а нивниот раскошен дом е преполн со најдобрите уреди кои може да се купат. Не минува долго време пред Џонсови да се спријателат со своите први соседи, Лери (Гери Кол) и Самер (Глен Хидли) и да станат интегрален дел од своето соседство. Но, ако ја погледнете ситуацијата одблиску, ќе видите дека под површината има нешто чудно. Кога Џонсови се соочуваат со една неочекувана несреќа, тие конечно ги откриваат своите личности под блескавата наметка на потрошувачкото општество.
Се емитува
Прикажи ги сите
04-06-2012 21:10
15-06-2012 04:25
25-06-2012 01:30
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!