Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Изборот на еден татко, да ги раздели неговите две близначиња при раѓање – едно здраво момче и едно девојче со Даунов синдром - влијае врз животите на двете семејства на два многу различни начина во оваа драма.Дермот Мулрони, Гретхен Мол, двапати номинираната за Оскар, Емили Вотсон играат во адаптацијата на бестселерот на авторката Ким Едвардс, во режија на Мик Џексон, во кој се работи за еден доктор чија тешка одлука за остави едно од своите новородени близначиња има подалекосежни последици отколку што можел да си замисли.
Кога една жена е заробена во снежна бура и почнува да се пораѓа, нејзиниот сопруг мора да помогне да се родат близнаците со помош од една медицинска сестра. Кога се раѓа девојчето со Даунов синдром, сопругот одлучува да го испрати бебето во ментална институција заедно со медицинската сестра; и да ѝ каже на својата жена дека тоа умрело. Во следните 25 години, тајната го уништува бракот и го растура семејството. Синот кој преживеал, мора да се справи со проблематичната врска на неговите родители, копнеејќи да ја види сестра си која никогаш ја нема познавано. Во меѓувреме, медицинската сестра одлучила да го одгледа бебето сама и се бори да врзе крај со крај како самохрана мајка на дете со хендикеп.
Се емитува
Прикажи ги сите
05-06-2012 13:10
16-06-2012 06:00
21-06-2012 14:50
22-06-2012 08:55
27-06-2012 18:35
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!