Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Герет (Џастин Лонг) и Ерин (Дру Баримор) заедно минуваат романтично лето во Њујорк. Тоа требаше да биде летен флерт, но кога наближува есента, Ерин се враќа во Сан Франциско, а искрата е уште тука...Смислата за хумор и отворената искреност на Ерин (Дру Баримор) го шармираат Герет (Џастин Лонг) кој од неодамна е слободен маж, кога тој и Ерин одат на пиво во еден бар, а потоа и на појадок следното утро. Хемијата помеѓу нив предизвикува флерт кој трае цело лето, но ниеден од нив не очекува да трае штом Ерин заминува дома во Сан Франциско, а Герет останува поради својата работа во Њујорк. Но, кога шестнеделната забава низ градот неповратно се претвора во нешто повеќе, двајцата не се сигурни дали сака тоа да заврши. Додека пријателите на Герет, Бокс (Џејсон Судеикис) и Ден (Чарли Деј) се шегуваат за неговото намалување на калориите пред летот и за неговата постојана врска со мобилниот телефон, тие не сакаат да го загубат својот другар поради уште една нестабилна романса. Истовремено, напнатата и заштитнички настроена, омажена сестра на Ерин, Корин (Кристина Еплгејт) сака да ја спречи Ерин пак да ја повтори истата грешка..
Но, и покрај тоа што се многу далеку, а и покрај негодувањето од пријателите и семејството и неколкуте неочекувани искушенија, парот изгледа дека наоѓа љубов и со помош на многу (сексуални) СМС пораки и телефонски повици доцна во ноќта, прави нивната врска на далечина да има шанси да успее.
Се емитува
Прикажи ги сите
25-05-2012 03:05
25-05-2012 22:15
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!
moderntimes
22-01-2012 22:14
0
0
Pouchen i vreden za gledanje. Ne e se vo ubavite momenti, vistinskite neshta se prepoznavaat po iskushenijata koi ne testiraat kako lugje...