Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
19-годишната Керолин е љубоморна на 15-годишната Рејчел Барбер, па ја следи, киднапира и убива бидејќи ја смета за „совршена“ и смета дека има сé што таа нема, убавина, самодоверба и среќа. Врз основа на вистинита приказна. Австралиските ѕвезди, Гај Пирс, Сем Нил и Миранда Ото ја предводат актерската екипа во филмот „Јас сум ти“, нов криминалистички трилер што го означува режисерското деби на ветеранката на австралиската продукција, Симон Норт. Филмот се заснова на една австралиска приказна од црната хроника. Се работи за случајот на една тинејџерка од Мелбурн која исчезнува во 1999. Рејчел Барбер (Кејт Бел) е 15-годишна убавица, таа е надарена танчарка и има стабилна врска со момче, а и многу добро се сложува со своите родители, Мајк (Пирс) и Елизабет (Ото). Целосна спротивност на тоа е Керолин (Рут Бредли), 19-годишната дадилка на Рејчел. Таа е дебела, има неквалитетна коса и кожа и пати поради својот разочаран и доминантен татко (Нил). Кога Рејчел не се појавува една вечер, нејзините родители се плашат дека се случило нешто лошо. Сепак, полицијата не ги сфаќа сериозно и им вели дека често се случува тинејџерките да бегаат од дома. Мајк и Елизабет ги преземаат работите во свои раце, решени да ја најдат својата ќерка...
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!