Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Група средовечни пријатели кои се досадуваат со своите животи како возрасни, се транспортираат назад во деновите на нивната младост во 1986 преку едно јакузи - временска машина.ЈАКУЗИ - ВРЕМЕНСКА МАШИНА следи група најдобри пријатели со досадни животи: Адам (Џон Кјусак) го остава неговата девојка; Лу (Роб Корди) е момче кое сака забави, но не може да ги најде; сопругата на Ник (Крег Робинсон) го контролира секој негов чекор; а Џејкоб (Кларк Дјук) кој е опседнат со видео игри, не сака да го напушти својот подрум. По една луда пијана ноќ во еден скијачки центар, мажите се будат со главоболка во годината 1986. Ова е шанса да го искусат минатото и да си ја променат иднината!
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!