close_x  
close
Премиера
 
Политика на приватност

Издавач на телевизиските канали HBO, HBO HD, HBO 2, HBO 2 HD, HBO 3, HBO 3 HD, Cinemax, Cinemax HD, Cinemax 2, Cinemax 2 HD и услугата на барање HBO On Demand е HBO Europe s.r.o. со седиште во Република Чешка, Praha 7, Jankovcova 1037/49, поштенски број: 170 00, регистарски број: 61466786, регистриран при Општинскиот суд во Прага, оддел C, 29418 (“HBO Europe”). HBO Europe можете да го контактирате на адресата на седиштето, преку телефонскиот број: 00385(1)6681591 или e-mail адресата: sekretariat@hbo.cz. Телото надлежно за надзор над давањето услуги на телевизија и телевизија на барање е Советот за давање услуги на радио и телевизија со седиште во Република Чешка, Praha 2, Škrétova 44/6, поштенски број: 120 00.

СОБИРАЊЕ ПОДАТОЦИ
На некои веб-локации на HBO можете да се претплатите на нашите онлајн билтени или да учествувате во некој од нашите онлајн форуми или во некоја од групите. Личните податоци поврзани со идентитетот на определено лице, и кои можат да се соберат на овие локации, ги вклучуваат: името, адресата за е-пошта...

На некои веб-локации на HBO може да се дадат податоци за други личности. На пример, можете да ги дадете името и адресата за е-пошта на некоја личност, за да ѝ пратите електронска честитка, а доколку на Интернет нарачате некој подарок и сакате да го испратите директно до примателот, можете да ги дадете и името на примателот и неговата адреса. Податоците кои се однесуваат на идентитетот на определена личност и кои можат да се соберат за други лица на ваквите веб-локации вклучуваат: име на примател, адреса, адреса за е-пошта и телефонски број.

Во определени делови на нашите веб-локации, само лицата кои ни ги даваат бараните податоци кои служат за нивна идентификација ќе бидат во можност да нарачаат производи, програми и услуги или да учествуваат во активностите и понудите на таа веб-локација.

При посета на многуте наши веб-локации, можеби ќе собереме и некои податоци кои не се поврзани со идентитетот на определено лице. На пример, видот на пребарувач кој го користите (на пр. Internet Explorer), видот на оперативниот систем кој го користите (на пр. Windows ’95) и името на Интернет операторот кој го користите (на пр. America Online, Earthlink).

КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Личните податоци кои ни ги давате можеме да ги искористиме за да ги исполниме Вашите барања кои се однесуваат на нашите производи, програми и услуги, за да одговориме на Вашите прашања за нашите понуди, а и за да Ви понудиме останати производи, програми или услуги кои сметаме дека би можеле да Ве интересираат.

Понекогаш, тие податоци ги користиме за да Ве контактираме, на пример за да Ве известиме дека сте победиле во некоја од нашите наградни игри или кога правиме измени во претплатничките договори, за да го исполниме Вашето барање за онлајн билтенот или за да Ве контактираме во врска со сметките кои ги имате отворено кај нас.

Податоците кои ни ги давате за другите лица ги користиме за да им ги испратиме Вашите подароци или честитки. Од време на време, тие податоци може да ги користиме за да им ги понудиме нашите производи, програми или услуги.

Податоците кои ги собираме во врска со нашите онлајн форуми и групи се користат за да се обезбеди интерактивно искуство. Тие податоци ги користиме за да ја олесниме комуникацијата во тие онлајн форуми и групи и, повремено, да Ви понудиме производи, програми или услуги.

Доколку решите да ни испратите содржина за објавување (на пр. <<писмо до нашите уредници>>), можно е да го објавиме Вашето корисничко име или некој друг податок кој ни го имате дадено.

Понекогаш, собраните податоци кои не се поврзани со идентитетот на определена личност, ги користиме за да ги подобриме дизајнот и содржината на нашите веб-локации. Тие податоци ни овозможуваат да го персонализираме Вашето користење на Интернетот. Исто така, тие податоци можеме во целост да ги користиме за анализа на користењето на веб-локациите, како и за да Ви понудиме производи, програми или услуги.

Податоците кои се поврзани со идентитетот на определена личност можеме да ги откриеме, на пример како реакција на правен процес, судски налог или повик на суд. Исто така, тие податоци можеме да ги откриеме како одговор на барање за спроведување на закон.

Агентите и вработените во HBO кои имаат пристап до податоците кои се поврзани со идентитетот на определена личност, мораат да ги заштитуваат тие податоци на начин кој е во согласност со оваа Изјава за приватност. Така, на пример, тие податоци не смеат да се употребуваат за ниедна друга намена, освен за услугите кои ги извршуваат за HBO.

Иако преземаме соодветни мерки за да се обезбедиме од неовластено откривање на податоците, не можеме да гарантираме дека добиените податоци поврзани со идентитетот на определена личност, нема никогаш да бидат откриени на начин кој е во спротивност со оваа изјава за заштита на приватноста.

Некои HBO веб-локации можат да ги откријат податоците поврзани со идентитетот на определена личност, на компании чија работа не е покриена со оваа Изјава за заштита на приватноста (на пр. други даватели на услуги, издавачи на списанија, трговци на мало, бази на податоци и некомерцијални организации), а кои сакаат да Ви понудат производи и услуги. Ако веб-локацијата ги споделува податоците поврзани со идентитетот на определена личност, таа ќе Ви даде можност да се оградите или да го спречите таквото користење.

На крајот, податоците поврзани со идентитетот на определена личност, HBO веб-локациите нема да ги користат или пренесуваат доколку не се добиени на начините кои се тука наведени, без да Ви понудат можност да се оградите од таквото користење.

Собирање податоци од веб-локации на трети лица и спонзори.

Некои од нашите веб-локации содржат врски до други веб-локации, чие постапување со податоците може да се разликува од нашето. Посетителите треба да ги прочитаат останатите изјави за заштита на приватноста бидејќи ние немаме контрола врз податоците кои се предадени или се собрани од страна на трети лица.

Понекогаш, HBO веб-локациите можат да понудат содржини (на пр. натпревари, наградни игри или промоции) кои се спонзорирани или произведени во соработка со идентификувани, трети лица. Врз основа на тој однос, третите лица можат да добијат податоци кои се поврзани со идентитетот на определена личност, а кои посетителите доброволно ги предаваат, со цел да учествуваат во активностите на веб-локацијата. HBO не може да контролира како трети лица ќе ги користат тие податоци. При барањето на податоци поврзани со идентитетот на определено лице, HBO ќе Ве извести доколку тие податоци ги добие третото лице.

Некои HBO веб-локации може да користат реномирана трета страна, да претставува или нуди реклами кои можете да ги видите на тие веб-локации. Нашата Изјава за заштита на приватноста не го покрива користењето на податоците кои третото лице или серверот, можеби ги имаат собрано од Вас.

КОЛАЧИЊА
За да го подобриме Вашето искуство на нашите веб-локации, многу од нашите веб-локации користат „колачиња“. Колаче претставува текстуална датотека која ја сместуваме во Вашиот пребарувач, за да им излеземе во пресрет на Вашите интереси. Самите колачиња не ни ја откриваат Вашата адреса за е-пошта, ниту било кој друг податок поврзан со идентитетот на определена личност, освен доколку Вие не одберете да ни го дадете тој податок, на пример преку регистрација на некоја од нашите веб-локации. Меѓутоа, кога на веб-локацијата ќе одлучите да дадете податоци поврзани со идентитетот на определена личност, тој податок може да биде поврзан со податоците снабдени во колачето.

Колачињата ги користиме за да собираме податоци за користењето на нашите веб-локации, и заради подобрување на содржината и понудите на нашите веб-локации. На пример, можеме да користиме колаче за да Ви го приспособиме користењето на нашите веб-локации (на пр. да Ве препознаеме по име кога се враќате на нашата веб-локација), да ја зачуваме Вашата лозинка на местата заштитени со лозинка и да Ви овозможиме да користите куповни картички на нашите веб-локации. Колачињата можеме да ги користиме и за да Ви понудиме производи, програми и услуги.

ОДРЖУВАЊЕ БЕЗБЕДНОСТ
Имаме преземено соодветни физички, електронски и правни чекори за да овозможиме и помогнеме во спречување на неовластен пристап, да ја зачуваме безбедноста на податоците и на правилен начин да ги користиме податоците кои ги собираме на Интернет.

За да ја заштитиме Вашата приватност и безбедност, ќе преземеме оправдани чекори кои ќе ни помогнат да го провериме Вашиот идентитет, пред да Ви одобриме пристап или измени.

ПОСЕБНА ПОРАКА ЗА РОДИТЕЛИТЕ
Веб-локацијата која ја посетивте е една од веб-локациите на HBO, наменета за широката публика. За повеќе информации околу заштитата на приватноста на детските веб-локации, прочитајте ја изјавата за заштита на приватноста на детските веб-локации кои Ве интересираат.

КАКО ДА СТАПИТЕ ВО КОНТАКТ СО НАС
Доколку имате било какви прашања или недоумици околу заштитата на оваа веб-локација или околу спроведувањето заштита, можете да стапите во контакт со нас, на info@hbo.mk