Доколку веќе поседувате регистрирана сметка на веб-страницата на „НВО“, внесете го вашето корисничко име и лозинка!
Доколку имате Facebook сметка, со само еден клик ќе станете и „НВО“ корисник. Кликнете на копчето „Најава со Facebook“ и уживајте во веб-страницат
Најавете се„HBO OnDemand“ е сервис на видео претплата која е достапна до претплатниците на „НВО“ преку дигиталните кабелски системи.
„HBO OnDemand“ им овозможува на претплатниците сами да избираат кога сакаат да ги гледаат најдобрите содржини од „НВО“, колку пати сакаат, 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO OnDemand“ се групирани по жанр, па претплатниците лесно можат да го пронајдат тоа што сакаат да го гледаат.
Секој месец се нудат најмалку 120 наслови, до кои претплатниците имаат неограничен пристап во текот на тој временски период. Исто така, само на „HBO OnDemand“ може да се погледнат премиерите на сериите од оригиналната продукција на „НВО“, пред да се прикажуваат на „НВО“.
Насловите на „HBO OnDemand“ се освежуваат и ротираат секој месец - ниту еден наслов не е достапен два месеци по ред. Нови наслови се додаваат секоја недела.
Доколку веќе сте претплатник на „НВО“, само пронајдете ја програмата која сакате да ја гледате, изберете ја со далечинскиот управувач и програмата ќе започне веднаш. За да дознаете дали вашиот оператор го нуди каналот „HBO OnDemand“, одете на страницата „Претплатете се“ или контактирајте со операторот.