Доколку веќе поседувате регистрирана сметка на веб-страницата на „НВО“, внесете го вашето корисничко име и лозинка!
Доколку имате Facebook сметка, со само еден клик ќе станете и „НВО“ корисник. Кликнете на копчето „Најава со Facebook“ и уживајте во веб-страницат
Како можам да ја следам програмата на „HBO“?
- „HBO“ можат да го следат корисниците на кабелските, „IPTV“ и сателитските платформи во Македонија. Прашајте го вашиот оператор за можностите да се претплатите на „HBO“.
Кога ќе биде возможно во мојата населба (град) да се следи програмата на „HBO“ преку кабелската мрежа?
- Ве молиме за сите технички прашања да се обратите кај најблискиот кабелски оператор.
Како можам да се претплатам на „HBO“ преку „MAXtv“ и дали услугата „MAXtv“ е достапна во мојот град?
- За сите информации за претплатата на „HBO“ во склоп на „MAXtv“ пакетите, контактирајте со корисничката поддршка на „T-Home“ на 171, или на www.maxtv.mk
Дали можам да ја следам програмата на „НВО“ преку сопствена сателитска антена и приемник?
- Возможно е програмата на „НВО“ да ја следите и преку сопствена сателитска антена и приемник. За повеќе детали, посетете ја веб-страницата www.maxtv.mk
Како можам да се претплатам на програмата на „HBO“ и колкава е претплатата?
- Претплатата ја остварувате со потпишување на договор со вашиот оператор. Цената на претплатата се темели на цената на два кино билети, а точниот износ можете да го дознаете од вашиот оператор.
Што добивам со претплатата на „HBO“?
- Добивате 24 часа филмска програма дневно, седум дена во неделата. Сите филмови на „HBO“ се преведени на македонски јазик. На „HBO“ нема реклами, а филмовите почнуваат и завршуваат на време. „HBO“ секој месец ќе ви донесе 20 премиерни наслови. Месечно ќе можете да погледнете околу 80 филмови, во 250 емитувања. Исто така, сите претплатници на „HBO“ можат да ја следат и програмата на „HBO Comedy“, без дополнителна претплата. Така, ќе уживате во два канала, за иста цена на претплатата.
Што е „HBO Comedy“?
- „HBO Comedy“ e член на семејството на „HBO“, кој е фокусиран само на комедијата. Ви овозможува разнолична понуда на забавни филмови, од комедии за забава, до префинет интелигентен хумор, не само од Холивуд, туку и од Европа и целиот свет. Само на овој канал ќе имате прилика да ги гледате премиерите на најновите хумористични серии.
Зошто филмовите се повторуваат?
- Зошто репризи? „HBO“ не е телевизија, туку филмски канал и како таков, се труди да им овозможи на гледачите да го погледнат најголемиот дел од филмовите, кога им одговара. Целта на „HBO“ е да се доближи до потребите на гледачите, кои покрај гледањето телевизија, имаат и многу други обврски (работни, семејни, дружење со пријателите). Замислете дека сакате да го гледате „Господарот на прстените“, а токму таа вечер имате друго во план. „HBO“ ви овозможува гледањето телевизија да го подредите на своите потреби. Така, за „HBO“ размислувајте како за магазин - погледнете го неделниот распоред и одлучете што сакате да гледате и кој ден сакате да го правите тоа.
Како можам да дознаам кој е концесионер на кабелска телевизија во мојот град?
- Кликнете тука и внесете го градот и/или населбата во полето „Внесете ја вашата локација“.
Каде можам да добијам потполн список на сите кабелски концесионери кај кои може да се следи програмата на „HBO“?
- Кликнете тука.
Доколку сакате да ни поставите прашање, кликнете тука.