Доколку веќе поседувате регистрирана сметка на веб-страницата на „НВО“, внесете го вашето корисничко име и лозинка!
Доколку имате Facebook сметка, со само еден клик ќе станете и „НВО“ корисник. Кликнете на копчето „Најава со Facebook“ и уживајте во веб-страницат
Најавете сеНајоригиналната и најиновативната програма е на „НВО“. Квалитетот на програмата е причината зошто од година во година „НВО“ освојува сѐ повеќе „Emmy“ награди, повеќе од која било друга телевизиска мрежа.
Низ целиот свет, „НВО“ е познат по врвните програмски содржини, филмските хитови, оригиналната продукција, најдобрите серии и контроверзните документарци. Гледачите на „НВО“ имаат можност да ги гледаат најновите филмови, документарци и серии многу пред тие да се емитуваат на другите телевизии. Нашите претплатници знаат дека на „НВО“ секогаш можат да гледаат програма која не може да ја погледнат во кино салите или видеотеките.
Со „НВО“ можете потполно да се опуштите и да уживате во филмовите и сериите без прекин, бидејќи на нашите канали нема реклами.
Исто така, претплатниците на „НВО“ можат да изберат и „HBO OnDemand“, услуга која овозможува одбрана програма на „НВО“ да ја гледате кога било и колку пати сакате.
„НВО“ нуди по нешто за сите членови на семејството - од анимирани филмови и комедии, па сѐ до крими, акциски, фантазиски и трилер филмови.
Овие канали од семејството на „НВО“ се достапни во Македонија. За повеќе информации за претплатата и достапноста на каналите, контактирајте со вашиот оператор.
Секој месец, „HBO“ нуди многу нови филмови - од врвни хитови, до широк спектар популарни филмови - како и ексклузивна програма, вклучувајќи оригинални филмови, серии, комедии, документарци, семејни шоуа и музички настани.
„HBO Comedy“ е првиот тематски ТВ канал кој прикажува комедии и комични серии. Програмата на овој канал може да се следи секој ден во неделата, 16 часа дневно, без реклами и паузи.