close
Премиера
 
54758_-_254

HBO GO услугата и Cinemax каналите станаа достапни и во Македонија - во понудата на Македонски Телеком

HBO Europe, водечката премиум телевизиска мрежа во Европа, со гордост ги најавува новостите во својата понуда на македонскиот пазар - лансирање на услугата HBO GO и Cinemax каналите.

ЗА УСЛУГАТА HBO GO:

HBO GO е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на HBO кои имаат кои имаат широкопојасна интернет врска.

HBO GO им нуди на претплатниците повеќе од 3200 наслови: најдобри филмови, најнови серии, HBO оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни HBO серии. Сето тоа е достапно на вашите компјутери, Ајфон, Ајпед, Андроид телефони, таблети, како и на одредени модели на Самсунг и ЛГ Смарт телевизори и тоа кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на HBO GO се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од HBO оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на HBO GO.

Услугата е достапна во целиот Адрија регион што значи дека претплатникот може да патува во Србија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија и, ако има пристап до брз интернет, да ужива во HBO GO услугата во секоја од горенаведените земји.

HBO GO е достапен во рамки на HBO пакетот за корисниците на Македонски Телеком.

CINEMAX Канали

Отсега, претплатниците на Македонски Телеком ќе можат да уживаат и во понудата на Cinemax каналите и тоа во HD верзија.

Cinemax, „меинстрим“ каналот, нуди американски и светски наслови, оригинални Cinemax серии и нови американски серии, динамични драми и комедии, како и акциони, авантуристички, крими, хорор, фантазија и научно-фантастични содржини.

Cinemax 2, уметничкиот канал, нуди голем избор на одлични филмски наслови од европските и меѓународните независни студија. Меѓу нив се наградувани филмови, фестивалски фаворити, критички признати филмови и култни серии од целиот свет.

HD Канали

Со нашите HD канали: HBO HD, HBO 2 HD, HBO 3 HD, Cinemax HD и Cinemax 2 HD, претплатниците ќе може да уживаат во поостра и поквалитетна слика со повеќе детали и живописни бои и со одличен квалитет на звукот. HD каналите донесуваат кино доживување директно во домовите на сите гледачи.

21-11-2016