close
Премиера
 
54402_-_254
Извор: Europress / Getty Images

HBO работи на серија со Роберт Дауни Јуниор и Ник Пицолато, креаторот на „Вистински детектив“

HBO работи на нова серија, по сценарио на Ник Пицолато („Вистински детектив“), во која главната улога ќе ја има Роберт Дауни Јуниор.

Проектот произлегува од римејкот на филмот за Пери Мејсон, легендарен детектив и адвокат кој брани лица и компании вклучени во криминални активности.

Ликот на Мејсон е креиран во 30-тите години на минатиот век од страна на Ерл Стенли Гарднер. Мејсон се појавува во преку 80 романи и кратки приказни, радио серии, шест филмови, како и во една ТВ серија која освои „Еми“ награда и во која ликот го портретира актерот Рејмонд Бур.

На сценариото ќе работи Ник Пицолато кој има долгорочен договор со HBO која ја опфаќа и евентуалната трета сезона на популарната серија „Вистински детектив“.

28-09-2016 | Извор: Deadline Hollywood