close_x  
close
Премиера
 
54504_-_254
Извор: HBO

HBO веќе планира пет сезони на „Вестворлд“

Премиерата на серијата беше пред само два дена, а веќе се зборува за пет сезони на новата HBO серија „Вестворлд“.

Со оглед дека од серијата „Игра на тронови“ остануваат уште само две сезони, новата серија „Вестворлд“ би можела да биде нејзина замена.

Во прилог на ова тврдење оди и фактот што во јануари снимањето беше прекинато определен период за да можат сценаристите Џонатан Нолан и Лиза Џој да ја формулираат целата сторија.

Џејмс Марсден, кој го игра ликот на Теди Флад, изјави:

„Не станува збор само да се снимат првите 10 епизоди од серијата. Идејата беше да се мапираат следните 5-6 години. Сакаме сè да биде во една линија и кога ќе се емитува финалето на серијата, за едно 5 или 7 години, да се знае однапред како ќе заврши. Така работат Нолан и Џ.Џ.Абрамс“.

Џонатан Нолан дополнува: „Не сакаме приказната да се повторува секоја година. Не сакаме варијанта на „Fantasy Island“ каде секоја година ќе доаѓаат нови гости. Сакаме голема приказна. Оригинална приказна која ќе го објасни создавањето на еден нов вид и како тој ќе ја живее својата комплексност“.

Новите епизоди на „Вестворлд“ можете да ги гледате секој понеделник во 3 часот наутро и во ударниот термин во 20 часот на HBO, како и преку услугата на видео на барање HBO On Demand. Првата епизода на серијата можете да ја погледнете бесплатно и без регистација преку услугата HBOGO. Клик ОВДЕ.

05-10-2016 | Извор: The Independent