Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Шерон Стоун се враќа на својата добро позната филмска територија со улога на жена во брак која се обидува да заведе еден студент во новиот филм на Тони Кеј.
Актерката, која се прослави во улогата на фаталната Кетрин Трамел во „Основен инстикт“, ја доби главната улога во новиот филмски проект со наслов „Attachment“.
Во филмот, Стоун е заслепена од врската за една вечер, особено откако ќе разбереме дека предмет на нејзината страст е момчето на нејзината ќерка.
Според „ The Hollywood Reporter “, филмот „Attachment“ треба да започне да се снима во април годинава.