close
Премиера
 
54518_-_254

ТВ премиера на првиот HBO филм од нашиот регион „Хјустон, имаме проблем!“

Играно-документарниот филм на словенечкиот режисер Жига Вирц „Хјустон, имаме проблем!“, прв филм во копродукција на HBO во нашиот регион, премиерно ќе биде прикажан на 25. септември во 20 часот на HBO.

Филмот е прикажан на бројни реномирани филмски фестивали како Трибека Филм Фестивал, потоа чешкиот филмски фестивал Карлови Вари, а во октомври оваа година ќе се прикажува и на БФИ Лондон Филм Фестивал. Успехот на филмските фестивали не заостанува ниту на нашите простори, па на тој начин филмот освои дури три награди на Фестивалот на Словенечки филм , во август е награден со Награда на публиката на Медитеран Филм Фестивал во Широк Брег, а влезе и во официјалната конкуренција на 63. Пулски Филмски Фестивал.

ЗА ФИЛМОТ
Студената војна, вселенската трка и слетувањето на Месечината се клучните историски настани што ќе одбележат една цела ера. Овие настани и ден денес се покриени со превезот на тајноста и инспирираат мноштво вљубеници во теориите на заговор. Во филмот „Хјустон, имаме проблем“, режисерот Жига Вирц со нови информации ги доведува под сомнение обете страни на приказната. Овој интригантен играно-документарен филм го истражува митот за американското таинствено купување на контроверзната југословенска вселенска програма на почетокот на 60-тите години од минатиот век, вредна неколку милијарди долари.

Меѓународна интрига од времето на Студената војна, декласифицираните тајни документи и загадочната зделка помеѓу Џон Ф. Кенеди и претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито, се само врвот на ледениот брег во ова режисерско деби на Жига Вирц. Заматувајќи ја границата помеѓу фактите и измислиците, филмот „Хјустон, имаме проблем!“ го истражува митот зад почетоците на американската трка да стане првата земја што испратила човек на Месечината, како и наводната милионска зделка за купување на југословенската вселенска програма од страна на САД од почетокот на 1960-тите.

Филмот „Хјустон, имаме проблем!“ ќе биде достапен и преку HBO услугата на видео на барање - HBO On Demand.

23-09-2016