close
Премиера
 
54411_-_254
Извор: HBO

Седум причини поради кои ќе сакате да ја гледате новата серија „Вестворлд“

„Вестворлд“, научно-фантастичниот вестерн трилер од 1973 година е инспирација за новата истоимена серија на HBO. Станува збор за филозофска драма сместена во тематски парк каде луѓето можат да одат на екскурзии на Дивиот запад кој е населен од андроиди.

Премиера во Македонија е закажана на 3. октомври на HBO.

1. Џонатан Нолан, сценарист на „Интерстелар“ и „Темниот витез“, е креатор на „Вестворлд“.

Нолан, братот на режисерот Кристофер, стои зад некои од најдобрите научно-фантастични и акциони хитови од последната декада.

2. На серијата работи и Џеј Џеј Абрамс, генијалец за научна фантастика.

Како извршен продуцент на серијата, Абрамс ја донесе истата голема слика која му помогна да создаде неверојатни дела како што се: „Војна на ѕвездите: Силата се буди“, „Ѕвездени патеки“ и „Изгубени“.

3. Серијата се базира на научно-фатастичниот вестерн трилер направен од сценаристот на „Паркот Јура“.

„Паркот Јура“ зборуваше за еден опасен тематски парк населен со диносауруси, додека „Вестворлд“ раскажува за опасен тематски парк населен со роботи.

4. Не е римејк на филмот од 1973 година.

Оригиналот беше фокусиран на човек загубен во „Западниот свет“ каде роботи со вештачка интелигенција полудуваат и стануваат насилни. За разлика од тоа, серијата е фокусирана на андроидите и на нивното ограничено сфаќање на светот.

5. Одлична актерска екипа.

Ентони Хопкинс, Тенди Њутн, Џејмс Марден, Лук Хемсворт и Џефри Рајт се само некои од актерските имиња кои ќе ги гледаме во оваа серија.

6. Отвора важни прашања.

Ко-креаторот Лиза Џој изјави дека идејата на серијата е да „истражи што значи да се биде човек во очите на домаќините: роботи со вештачка интелигенција се главните жители на паркот“.

Џој објаснува дека серијата ќе содржи и сексуално насилство кое ќе биде сместено во одредени рамки. Таа вели: „За жал, насилството, а особено сексуалното насилство постои од самите почетоци на човечката историја. Ние на тоа прашање гледаме мошне сериозно и не правиме фетиш од тоа. Повеќе ќе го употребуваме за истражување на определено криминално однесување“.

Нолан вели дека станува збор за запознавање со себе си. Тој вели:„Сакаме да го поставиме следното прашање: дали ако влезеш во свет на фантазија каде можеш да правиш што сакаш, ќе сакаш да откриеш работи за себе кои не би сакал да ги знаеш?“

7. Има супер музика

Меѓу другото ќе ги слушнете и Ролинг Стоунс во серијата. Нолан изјави: Мојот брат Кристофер не употребува таков жанр на музика во своите филмови и тоа ме прави мене уште позаинтересиран за таа музика. Мислам дека саундтракот ќе биде еднакво добар како и кај серијата „Peaky Blinders“.

22-09-2016 | Извор: NME.com