close
Премиера
 
54689_-_254

СООПШТЕНИЕ: HBO Adria го продолжува рокот за пријава на „FIRST DRAFT“ конкурсот

HBO Adria најавува продолжување на рокот за пријава на „First Draft“ конкурсот – новиот рок е 1. декември 2016 година.

Поради бројните прашања во врска со конкурсот од страна на сценаристите во целиот регион, одлучивме да го продолжиме рокот за пријава за дополнителни 15 дена. Ова е наш придонес кон сите оние кои вредно работат на своите проекти, а со цел да им овозможиме на First Draft конкурсот да го покажат целосниот потенцијал на нивниот проект.

Им благодариме на сите за досегашните пријави, како и на оние што дополнително ќе се пријават.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНКУРСОТ:

По успешните серии во споменатите држави, сега сакаме да развиеме и да продуцираме нова драмска серија во регионот Адрија што го сочинуваат Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Како и кај матичната компанија, акцентот на деловната стратегија на ХБО Европа се темели на развој и на продукција на врвни ТВ серии. Наша особена цел е, покрај адаптациите на странските продукции, да развиваме серии првенствено наменети за домашниот пазар, втемелени на оригинални локални идеи. Тоа воедно е и главната цел на конкурсот First Draft, со кој бараме најдобри сценарија од регионот Адрија

Конкурсот е отворен за сите сценарија што се напишани и доставени (аплоудирани) според правилата наведени во продолжението на текстот. Оригиналното сценариото треба да има единствен глас и да го одразува квалитетот на раскажувањето кој се поврзува со брендот ХБО. Познавање на актуелните трендови од светот на премиум ТВ сериите е предност, но уште поголема предност е вештината на авторот со свој глас да заборува за светот што нѐ опкружува, без да биде неопходно да ги следи наметнатите трендови.

ВЕ МОЛИМЕ НА „FIRST DRAFT“ КОНКУРСОТ ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ПРЕКУ КОМПЈУТЕР И ВНИМАТЕЛНО ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ЧПП, УСЛОВИТЕ ЗА УЧЕСТВО И ПРАВИЛАТА ЗА ПРИВАТНОСТ.

Основни информации за конкурсот:

  • Пријавата треба да содржи целосно сценарио на првата епизода на играна неделна серија во траење од 30 или 60 минути. (Една сезона на проектот треба да содржи најмалку 4, а најмногу 13 епизоди).
  • Треба да се приложи (аплоудира) само сценариото. Ве молиме да не праќате синопсиси, опис на ликови, слики или кои било други пишувани или визуелни материјали.
  • Треба да се приложи само сценариото за првата епизода.
  • Се прифаќаат исклучиво материјали пратени во стандарден формат што се користи во индустријата. Пример можете да најдете [ОВДЕ].
  • Дејството треба да биде сместено во сегашно време, на подрачјето на регионот Адрија (во една или повеќе држави што го сочинуваат регионот – Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Други ограничувања на жанрот не постојат.
  • Може да се пријават само сценарија напишани на еден или на комбинација од повеќе наведни јазици на регионот Адрија (хрватски, српски, словенечки, македонски, босански, црногорски).
  • Секој автор може да прати само едно сценарио.
  • Се прифаќаат само оригинални дела. Авторите мора да имаат целосни права на работите што ги праќаат.
  • Доставените сценарија ќе ги евалуираат вработени на компанијата ХБО Адрија. Имињата на избраните автори и краток опис на нивните работи, со нивна согласност, ќе бидат објавени на почетната интернет страница на конкурсот First Draft како и во соопштението за медиумите.
  • Одлуката на вработените на ХБО Адрија е конечна, без можност за натамошна комуникација во пишан или во друг облик.
  • Кон конкурсот се пристапува преку регистрација на www.hbo.mk/firstdraft и со праќање (аплоуд) на сценарио во ПДФ формат. Рокот за праќање е до 1 декември 2016 година до 23:59 часот.
  • Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на почетната интернет страница на конкурсот First Draft како и во соопштение за медиумите најдоцна до 1 март 2017 година.
  • Сценаријата што не се во склад со правилата на конкурсот ќе бидат дисквалификувани, без евалуација.
04-11-2016