Едната песна, Витни ја пее пред камери, додека втората во дует со својата „филмска“ ќерка Џордин Спаркс. Таа песна ќе оди на одјавната шпица на филмот.
Инаку, „Sparkle“ е во постпродукција, а во кино салите треба да го очекуваме ова лето.
Со овој римејк на истоимениот филм од 1976 година, Витни Хјустон требаше да се врати на големото платно. Тоа ќе беше прв филм за неа по 1996 година кога го сними „The Preacher's Wife“.
Витни на овој проект работеше повеќе од 10 години. На почетокот сакаше нејзината ќерка во филмот да ја глуми Алаја. Алаја загина во 2001 година во авионска несреќа.
Во филмот ќе се појави и пејачот Си Ло Грин.






















