close_x  
close
Премиера
 
54536_-_254

Октомври на HBO

Месец октомври на HBO ги донесува новите оригинални HBO серии „Вестворлд“, „Развод“ и „Несигурна“, како и многу филмови и документарци кои несомнено ќе ви ги разведрат есенските дни и вечери.

СЕРИИ ОД ОРИГИНАЛНА HBO ПРОДУКЦИЈА:

Вестворлд
Од 3. октомври, секој понеделник во 3:00/20:00

Едночасовната драмска серија „Вестворлд“ претставува мрачна одисеја за зачетокот на вештачката свест и за еволуцијата на гревот. Дејството се одвива во блиската иднина и прикажува свет во кој секоја човечка желба, без разлика колку е благородна или лоша, може да се искуси. Актерската екипа на серијата од 10 епизоди ги вклучува: Ентони Хопкинс, Ед Херис, Еван Рејчел Вуд, Џејмс Марсден, Танди Њутон, Џефри Рајт.

Развод
Од 10. октомври, секој понеделник во 21:00

Сара Џесика Паркер се враќа на HBO во новата хумористична серија „Развод“. Паркер ја игра Френсис, жена која ненадејно почнува да ги преиспитува својот живот и својот брак, па открива дека новиот почеток и не е толку лесен. Во другите улоги во серијата се Томас Хејден Чрч, Моли Шенон, Талија Балсам и Трејси Летс.

Несигурна
Од 10. октомври, секој понеделник во 21:35

Оваа есен, нешто неверојатно и ново пристигнува на HBO. Гледајте ја получасовната хумористична серија „Несигурна“, во која играат Иса Реј, Ивон Оржи, Џеј Елис и Лиза Џојс, а која ни ги прикажува пријателството, искуствата и авантурите на две црни жени.

ФИЛМСКИ ХИТОВИ:

Западен свет
01-10-2016 19:00

Добре дојдовте во игралиштето за возрасни каде што се остваруваат сите фантазии, каде што човеколиките роботи се програмирани за романса... насилство... и за сѐ друго. Тоа е местото наречено „Западен свет“. Питер Мартин (Ричард Бенџамин) и Џон Блејн (Џејмс Бролин) одат на одмор во симулацијата на Дивиот Запад, сосе танчарки, тепачки во барови и престрелки, но без тоа да вклучува вистинска опасност.

Патот на победникот
02-10-2016 20:00

Вил Смит игра во овој драматичен трилер врз основа на неверојатната вистинита приказна за американскиот имигрант д-р Бенет Омалу, брилијантен невропатолог, кој прв ја открил фудбалската траума поврзана со мозокот кај еден професионален фудбалер, борејќи се да ја открие вистината во јавноста.

Крид
09-10-2016 20:00

Адонис Џонсон (Мајкл Б. Џордан) никогаш не го познавал својот познат татко, светскиот шампион во тешка категорија Аполо Крид, кој умрел пред тој да се роди. Сепак, не може да се негира дека боксот му е во крвта, па Адонис оди во Филаделфија, местото на легендарниот меч помеѓу Аполо Крид и младиот Роки Балбоа (Силвестер Сталоне).

Ент-мен
16-10-2016 20:00

Следната еволуција на Универзумот на Марвел го носи членот основач на Одмаздниците на големото платно за првпат, со Ент-мен на „Марвел Студиос“.Вооружен со суперкостум кој има неверојатна можност да го смали но да му ја зголеми силата, крадецот Скот Ланг мора да го прифати херојот во себе и да му помогне на својот ментор д-р Хенк Пим да ја заштити тајната зад спектакуларниот костум за Ент-мен од новите закани.

Зоотропола
23-10-2016 20:00

Од „Волт Дизни Анимејшн студиос“ пристигнува хумористичната авантура која се одвива во модерната животинска метропола, „зоотропола“. Градот се состои од разни квартови во кои живеат животни од различни животни средини и тоа е место каде што, без разлика кој си, од најголемиот слон до најмалото глувче, можеш да станеш што ќе посакаш.

Мост на шпионите
30-10-2016 20:00

Драматичен трилер кој се одвива во историско време. „Мост на шпионите“ ја раскажува приказната за Џејмс Донован (Том Хенкс), бруклински адвокат, кој е втурнат во центарот на Студената војна кога ЦИА го праќа на речиси невозможна мисија да преговара за ослободувањето на еден заробен американски пилот.

Железен човек
01-10-2016 20:00

Покрај тоа што е екстремно богат, милијардерот и индустријалец Тони Старк (Роберт Дауни Јуниор) исто така е и генијален изумител. Кога Старк е киднапиран и е присилен да изгради едно разурнувачко оружје, тој својата интелигенција наместо тоа ја користи за да направи неуништив костум и да избега од своите киднапери.

Меги
22-10-2016 20:00

Кога една зомбиевска пандемија се шири во еден мал град во Америка и ја заразува 16-годишната Меги (Абигејл Бреслин), властите воспоставуваат протокол за пациентите заразени со смртоносниот вирус. Тие се отстранети од општеството и ги носат во посебни изолациски одделенија за да ја завршат нивната болна и опасна преобразба во зомби.

Безизлез
29-10-2016 20:00

Овен Вилсон, Пирс Броснан и Лејк Бел играат во овој акционен трилер. „Безизлез“ ни прикажува еден американски бизнисмен додека тој со семејството се населуваат во нивниот нов дом во Југоисточна Азија. Тие одеднаш се наоѓаат среде насилно политичко востание и мораат да избегаат од бунтовниците кои безмилосно го напаѓаат градот.

ДОКУМЕНТАРЦИ И СПЕЦИЈАЛИ:

Бренд: Второ доаѓање
06-10-2016 21:30

„Бренд: Второ доаѓање“ го прикажува комичарот, автор и активист Расел Бренд во неговата преобразба од зависник, самопрогласен нарцис и холивудска ѕвезда која живее екстравагантен живот, до неговата моментална и неочекувана улога на политички активист и херој на обесправените.

Специјален извештај на Вајс: Поправање на системот
20-10-2016 21:50

Овој специјален извештај на „Вајс“ ни ги прикажува ветувањата и политиката што го хранеа американскиот пренатрупан затворски систем во минатите 30 години, како и начинот на којшто Конгресот и претседателот се здружуваат за да воведат затворски реформи во земја што се залага за слобода, а има 25% од затворската популација во светот.

26-09-2016