close
Премиера
 
54728_-_254

Ноември на HBO

Ноември на HBO ја донесува новата серија „Пустелија“, продолженија на „Вестворлд“ и „Развод“, документарецот за Курт Кобејн и многу врвни холивудски хитови.

СЕРИИ ОД ОРИГИНАЛНА HBO ПРОДУКЦИЈА:

Пустелија
Секоја недела во 21 часот на HBO3

На почетокот на драмската серија „Пустелија“ на HBO е прикажан криминал кој суштински влијае врз сите страни. Кога Хана Сикорова, градоначалничка на едно село во Северна Бохемија, му се спротивставува на еден голем рударски концерн кој им нуди на селаните големи компензации за да ги напуштат своите куќи, нејзината 14-годишна ќерка Миша исчезнува.

Вестворлд, еп. 7
Секој понеделник во 3:00/20:00 на HBO

Со десетте епизоди во првата сезона, „Вестворлд“ претставува амбициозна и многу имагинативна драмска серија која го издигнува концептот на авантурата и потрагата по возбуда на ново и, најпосле, на опасно ниво. Во футуристичкиот парк на фантазиите, познат како „Вестворлд“, една група од андроиди застранува од внимателно планираните сценарија на нивните програмери и навлегува во вознемирувачка шема на однесување.

Младиот папа, еп. 5
Секој петок по две епизоди во 20 часот на HBO

Од Паоло Сорентино, режисер на филмот „Голема убавина“, награден со „Оскар“, „Младиот папа“ ја раскажува контроверзната приказна за почетокот на понтификатот на Пиј XIII. Роден како Лени Белардо, тој претставува комплексен и конфликтен лик, кој во своите животни избори бил премногу конзервативен, а сепак полн со сочувство за послабите и сиромашните.

Развод, еп. 6
Секој понеделник во 21:00 на HBO

Создадена од Шерон Хорган (авторка и ѕвезда на серијата „Катастрофа“, номинирана за „Еми“), во фокусот на „Развод“ е Френсис (Сара Џесика Паркер), која по повеќе од една деценија во брак и две деца одеднаш почнува да го преиспитува својот живот и напнатиот однос со сопругот Роберт (Томас Хајден Чрч).

ФИЛМСКИ ХИТОВИ:

Зулендер 2
20-11-2016 20:00

Кога еден таинствен убиец почнува да ги убива најубавите луѓе на светот, агентката на Интерпол, Валентина Валенсија (Пенелопа Круз) дознава дека клучот за оваа смртоносна завера лежи во поранешните манекени Дерек (Бен Стилер) и Хансел (Овен Вилсон).

Светот Јура
13-11-2016 20:00

Ова долго очекувано продолжение на „Паркот Јура“ во извршна продукција на Стивен Спилберг се одвива 22 години по настаните од првиот филм. И покрај незгодите што го снајдоа оригиналниот парк, сега таму се наоѓа уште поголем парк, нудејќи им на илјадниците гости шанса да се восхитуваат на живите диносауруси.

Црна миса
27-11-2016 20:00

Врз основа на книгата „Црна миса: вистинитата приказна за сојузот помеѓу ФБИ и ирската мафија“, во оваа криминалистичка драма играат номинираниот за „Оскар“, Џони Деп, во улога на злогласниот гангстер Вајти Булгер. Во Jужен Бостон од 1970-тите, агентот на ФБИ, Џон Коноли (Џоел Едгертон) го убедил ирскиот мафијаш Џејмс Булгер со прекар Вајти (Деп) да соработува со ФБИ за да го елиминираат заедничкиот непријател, италијанската мафија.

Тато е дома
12-11-2016 20:00

Вил Ферел и Марк Валберг се соочуваат во големата пресметка помеѓу татко и очув! Бред (Ферел), кој отсекогаш сонувал да има совршено семејство, е решен да стане најдобриот очув на децата на неговата нова сопруга (Линда Карделини).

(Не)професионалец
26-11-2016 20:00

Врвниот атентатор на МИ6 има брат. За жал, тоа е еден англиски фудбалски навивач (Саша Барон Коен) од малиот град Гримсби. Ноби има сѐ што може да посака човек од сиромашниот рибарски град Гримсби, 9 деца и најзгодната девојка во северна Англија (Ребел Вилсон).

ДОКУМЕНТАРЦИ И СПЕЦИЈАЛИ:

Кобејн: Ѓаволска монтажа
10-11-2016 21:25

Од познатиот режсер Брет Морген, „Кобејн: Ѓаволска монтажа“ е првиот целосно овластен документарец кој ги спојува личната архива на уметнички дела, текстови, музика (позната и досега нечуена), домашни снимки на Кобејн, со анимација и интервјуа со неговото семејство и лицата блиски до него.

Под оган: Нераскажаната приказна на војникот Тони Вакаро
17-11-2016 21:45

Во 1943 година кога сојузничката инвазија на Европа била неизбежна, новорегрутираниот 21-годишен Тони Вакаро се пријавил во сигналниот корпус на Армијата на САД. Тој развил страст за фотографијата и знаел дека сака да ја фотографира војната.

09-11-2016