close_x  
close
Премиера
 
54708_-_254

Нова HBO Europe серија „Пустелија“

Серијата „Пустелија“ ја гледаме секоја недела во 21 часот на HBO 3 како и преку услугата HBO On Demand.

Новата чешка крими драма „Пустелија“ (Pustina/Wasteland) во продукција на HBO Europe се прикажува на HBO 3 каналот секоја недела во 21 часот, а достапна е и за корисниците на услугата HBO On Demand. Сценариото е на Стефан Хулик кој воедно е и сценарист на повеќекратнона градуваната серија „Несогорливата капина, серија која исто така е во продукција на HBO Europe.

За серијата:

На почетокот на драмската серија „Пустелија“ на HBO е прикажан криминал кој суштински влијае врз сите страни. Кога Хана Сикорова, градоначалничка на едно село во Северна Бохемија, му се спротивставува на еден голем рударски концерн кој им нуди на селаните големи компензации за да ги напуштат своите куќи, нејзината 14-годишна ќерка Миша исчезнува.

Погледнете го трејлерот за новата серија:

07-11-2016