close_x  
close
Премиера
 
54505_-_254
Извор: HBO

Младиот Папа: Џуд Ло е светец, грешник и папа во новата HBO серија

Во новата HBO серија „Младиот папа“ ќе го гледаме Џуд Ло во улогата на фиктивниот лик на Папата Пиј XIII, најмлад папа и прв папа Американец во историјата.

Од Паоло Сорентино, режисер на филмот „Голема убавина“, награден со „Оскар“, „Младиот папа“ ја раскажува контроверзната приказна за почетокот на понтификатот на Пиј XIII. Роден како Лени Белардо, тој претставува комплексен и конфликтен лик, кој во своите животни избори бил премногу конзервативен, а сепак полн со сочувство за послабите и сиромашните. Дијана Китон ќе ја гледаме во улогата на сестра Мери, американска калуѓерка во Ватикан.

Сорентино, во својата изјава, вели дека серијата открива јасни знаци за постоењето на Бог, но и за неговото непостоење. Како верата може да се бара и да се загуби. За големината на светотo кога се бориш со искушенија и кога единствено нешто што ти простанува е да им се предадеш. За внатрешната борба помеѓу огромната одговорност како водач на Римокатоличката Црква и страданијата кои ги трпи еден обичен човек чија судбина (или волја на Светиот Дух) била да стане папа. И на крајот, ова е приказна за тоа како да се однесуваш со моќта и власта во земја чии догми и морални императиви се откажување од моќта и власта и безусловна љубов кон ближниот.

Покрај Ло и Китон, во серијата ќе ги гледаме и Силвио Орландо, Скот Шепард, Сесил де Франс, Џавиер Камара, Лудвин Сање, Тони Берторели и Џејмс Кромвел. Премиерата кај нас е закажана за 30. октомври на HBO On Demand, додека премиерата на HBO каналот ќе биде на почетокот на следната година.

29-09-2016 | Извор: Entertainment Weekly