Ѕвездата на „Кабаре“ требаше оваа недела да дојде во Лос Анџелес и да се појави како гостин во оваа позната серија, но повредата ја спречи во тоа.
Докторите и сугерирале дека не треба да патува, откако рентген снимките покажале дека нејзиниот глужд сè уште не е комплетно залечен по несереќата во нејзиниот дом минатиот ноември.
Продуцентите сега итно бараат замена за Минели која требаше да се појави во улога на екцентричен агент за таленти.
Портпаролот на актерката, за TVGuide.com, изјави: „Минели се надева дека ќе има шанса да се појави во серијата откако ќе закрепне.“






















