Претходно, режисерот на „Goodfellas“ потегна цела кампања за доберманот Блеки да добие номинација за куче со најдобри актерски способности на филм на „Golden Collar Awards“. На оваа церемонија се наградуваат најталентираните животни во Холивуд.
Сепак, ниту целата кампања не му беше доволна на Скорсезе да ја обезбеди главната награда за Блеки со оглед дека таа отиде во „шепите“ на кучето Аги од „The Artist“.
Помеѓу другите победници се најдоа Коко, ѕвездата на австралискиот филм „Red Dog“ кој ја освои наградата за најталентирано куче во странски филм, како и Бриџит од „Modern Family“ која се закити со трофејот најталентирано куче во тв серија.






















