„Side By Side“ е документарен филм за дигиталната револуција и нејзиниото влијание врз традиционалната кинематографија. Во филмот ќе видиме интервјуа со бројни познати режисери - Џејмс Камерон, Дејвид Финчер, Џорџ Лукас, Дејвид Линч, Кристофер Нолан, Мартин Скорсезе и Стивен Содерберг.
Правата за дистрибуција ги откупи студиото „Tribeca Film“, а документарниот филм го опишуваат како „провокативно и поучно патување низ технолошките и естетските последици од транзицијата од традиционален филм кон дигитална технологија.“
Кијану ги направи повеќето од интервјуато со познатите режисери, а воедно е и продуцент и наратор во филмот чиј режисер е Крис Кенели.
Филмот треба да се појави во американските кина во текот на ова лето.






















