Пејачката беше пронајдена мртва во нејзината хотелска соба во Лос Анџелес, само два дена пред состанокот на Витни и Кауел во врска со нејзино учество во талент шоуто.
Кауел, кој претходно ги истера Пола Абдул и Никол Шерзингер од жирито, признава дека пред некое време слушнал гласини дека Хјустон е заинтересирана да биде дел од жирито за новата сезона и поради тоа договорил состанок со шефовите на „Fox“.
Тој, за емисијата на Пирс Морган на „CNN“, изјави: „Тие гласини дојдоа и до нас... знаете, секогаш кога некој сака да биде дел од нешто му кажува не некого за тоа, потоа тој пренесува и тоа е знак дека човекот е заинтересиран... колку и да звучи иронично, состанокот беше закажан за понеделник. Токму она беше едно од имињата кое можеби ќе се најдеше за новата сезона на „X Factor“.
Кауел искажа почит кон славната пејачка и притоа призна дека бил целосно унишен по веста за нејзината ненадејна смрт.
Тој додаде: „Од кога ги правам овие талент шоуа, Витни беше најимитираната ѕвезда. Секој што сакаше да биде ѕвезда, пееше песна од Хјустон. Постојано ги слушавме нејзините песни. Таа беше еден вид ориентир...“
„Многу ми е жал за неа. Таа беше една од најголемите ѕвезди на своето време и еден од најубавите гласови кои кога било сме ги слушнале. Затоа, кога ја слушнав веста, бев многу вознемирен и тажен.“






















