Почетна Распоред Магазин Програма Видеа | Истражете го „НВО“ Претплатете се | Регистрација Најава
Најава
Откажи
HBO сметка

Доколку веќе поседувате регистрирана сметка на веб-страницата на „НВО“, внесете го вашето корисничко име и лозинка!

Најавете се Заборавена лозинка
Facebook сметка

Доколку имате Facebook сметка, со само еден клик ќе станете и „НВО“ корисник. Кликнете на копчето „Најава со Facebook“ и уживајте во веб-страницат

Регистрација
Откажи

Добродојдовте на веб-страницата на „НВО“, драго ни е што ве гледаме!

Но, зошто и да не влезете? Внесете ги вашите податоци и поврзете се со светот на зависниците од квалитетна програма и филмови! Секако, можете да уживате во содржините на веб-страницата и без да споделите какви било податоци, но зошто да го пропуштите задоволството кое го нудат нашите функционалности?

Зошто да се регистрирате?

Повеќе персонализација: креирајте лични распореди, добивајте известувања, направете список на омилена програма, видеа и статии, или добивајте препораки за програмата, врз основа на вашиот вкус за филмови!

Повеќе ексклузивности: приклучете се на „HBO Live!“ настаните или учествувајте во натпревари, играјте игри, учествувајте во квизови за вредни „НВО“ награди!

Повеќе информации: вашето мислење ни значи! Коментирајте, вклучете се во дискусии, оценувајте ја вашата омилена или омразена програма, или напишете рецензија!

Задолжителни информации

Регистрација
    Ако повеќе сакате, можете да се поврзете со вашата Facebook сметка!
Вечерва на HBO:
20:05 Циркус на чудаците:... 21:55 Адвокатот со Линколн 23:50 13
Интервјуа
Интервју со Адам Сендлер („Пораснати“)
Издвоени интервјуа
„Некој да ми кажеше дека ќе пеам на „Country Music Awards”, немаше да му поверувам“
~ Гвинет Палтроу ~
„Јас ги гледам сите жени како силни. Моите ќерки, мојата мајка и сите жени кои ги познавам се силни личности.“
~ Анџелина Џоли ~
Јас сум многу несигурна и речиси целиот живот се борам против тоа чувство.
~ Меган Фокс ~
„Синтија има навистина посебен поглед на себе. Таа е неверојатно мека и многу емоционална...“
~ Сара Џесика Паркер ~
„Искрено, не би сакала да играм некој со натприродна моќ, затоа што е мошне досадно.“
~ Камерон Дијаз ~
„Јас дури не ни знаев дека сум бремена, а одеднаш излегоа дека се близнаци.“
~ Џенифер Лопез ~

Интервју со Адам Сендлер („Пораснати“)

A A
Најнапред, две прашања. Бидејќи сте татко, дали овој филм е еден начин да излезете на крај со стравот дека растете елитно дете од Беверли Хилс кое би можело да стане проблематично? Второ, со оглед дека сте писателот, дали кога пишувавте ги имавте на ум сите овие момци? Затоа што кастингот е одличен.
„Со парите кои ги имам, навистина е тешко да се одгледуваат децата на начин на кој јас сум бил одгледуван.“

Да. За вториот дел од прашањето. Јас и Фред Волф го напишавме сценариото. Целата идеја беше да се соберат стари другари и да поминат заедничко време во текот на еден викенд. Тоа се мои стари пријатели и затоа сѐ си има логика. Среќен сум што можам да одговорам со да на ова прашање.

Што се однесува до тоа дека моите деца може да станат распиници, јас буквално си легнува и станувам со таа мисла. Се обидувам да ги правам работите на вистинскиот начин. Со парите кои ги имам, навистина е тешко да се одгледуваат децата на начин на кој јас сум бил одгледуван.

Адам, убаво е што повторно се видовме. Каде лежи причината за вашиот успех? И каков автомобил возиш?

Имам Кадилак. Имам и хибридно возило. И тоа е подобро отколку Кадилакот. Користи помалку бензин. Не знам каде точно лежат причините за мојот успех. Само знам дека секогаш кога работам, сакам да дадам сѐ од себе. Не бев таков како дете. Тогаш бев во некаква ниска бејзбол лига и сакав да бидам добар во тоа. Ама тоа не беше случај. Од друга страна, правењето филмови толку ме исполнува, што ме тера да го дадам максимумот.

Дали се чувствувате како возрасен? Кога сфативте дека конечно сте пораснале? Или, дали воопшто се чувствувате така?

Кога сте опкружен со деца, тогаш се чувствувате како возрасен. Кажувам работи кои ги кажува секој друг родител. Една работа која ми се разјасни од кога станав родител е зошто татковците се секогаш лошо расположени.

Адам, пред неколку години, на „MTV“ наградите направивте навистина интересна монтажа на тепање луѓе. Во овој филм, не удирате никого. Единствено, го плеснувате Роб неколкупати... 

Тоа е точно.      

Се прашував дали со тоа покажувате дека созревате како актер?

Не, но вие сте во право. Во овој филм нема лошо момче, па затоа нема некој што јаде ќотек.

Ја одбравте моралната страна како водечки лик?

Овој пат, да. Наместо јас да тепам некого, го замолив Кевин Џејмс да удри во дрво. Малку полесно е кога удираш во лице.

Вие сите бевте на последниот меч на Лејкерси. Колку ја сакате кошарката?

Израснав играјќи во црковната кошаркарска лига, што беше многу значајно во мојот град. Си мислев, наместо да правам филм за средно училиште... да направам филм за деца од црковната кошаркарска лига, кои кога ќе ги погледнете во минатото, повеќе ќе ве потсетат на вас, отколку ако се средношколци. Некако изгледа дека ќе ни бидат поблиски до нас, ако се помали. Мислам дека 6-тото одделение беше многу важен дел во детството. Тогаш се случуваат пријателствата и милион други интересни работи. Овој филм е токму таков. Нашите деца во филмот се на таа возраст. Сметаме дека тогаш сѐ започнува. Ќе го видите контрастот што постои помеѓу детството сега и некогаш. Тоа е причината зошто одбрав 12-годишни кошаркари. Овие дечки сите помалку играат кошарка. И затоа, мислевме дека тоа ќе биде поинтересно.  

Кое е вашето хоби денес?

Минатата ноќ не можев да заспијам. Беше 2 часот по полноќ. Си мислев: „Што да правам?“ Гледам ТВ. Ајде да правам нешто друго. Нема да заспијам уште неколку часа. Кои се моите хобија? Имаше опција да мастурбирам. Ама кога ми текна дека децата се дома, ми изгледаше таа опција малку нездрава. Затоа завршив гледајќи телевизија. Не можев да се сетам на ништо друго. Си реков: „Добро, ајде да читам книга. Ама каде ми стојат книгите?“. Немав ништо друго за правење освен да гледам телевизија.

Адам, ги познавате сите тие луѓе многу добро и вие пишувавте за нив. Дали некој од нив направил нешто што ве изненадило? Потоа, велите: „Почекајте, може и тоа да се случи. Колку во сето тоа дозволивте да има спонтаност?

Имаше многу спонтаност, импровизации и многу шеги. Не бев шокиран од никого. Секој што го гледаше филмот... наши пријатели, ми велеа: „Леле, Спејд е...“. Тие го сакаат Спејд. Тие се навикнати ние да правиме добри работи и не се навикнати Дејвид да прави добри работи.

Овој филм изгледа како начин на повторно собирање на некогашните најдобри пријатели. Дали сте имале скоро такво собирање?

Би сакал да направам такво собирање со седење по дома или собирање и уживање на езеро. Тоа е одлично место за такво собирање. Во реалниот живот има многу малку вакви средби. Ние се гледаме. Значи не сме како некои што не се виделе 30 години. Често се гледаме. Затоа и нема собирања. И онака многу се гледаме.

Колку често се сретнувате со нив?

Секој пат кога ќе дојдам во Њу Хемпшир за да го видам моето семејство, се појавуваат и моите другари. Кога Рок е во ЛА секогаш се гледаме. Кевин го гледам постојано. Ист е случајот и со Спејд и Шнајдер.

Постои ли консензус помеѓу вас за тоа кој е најинтересен од сите?

Секој е интересен на свој начин. Спејд е неверојатно смешен. Тој ги смислува најголемите пакости. Кевин е исто многу интересен, ама на свој, посебен начин. Секогаш кога Кевин ќе ми напише нешто, јас се смеам по 5-10 минути. Не му пишувам „LOL“ затоа што сум комичар и секој комичар ќе ви каже: „Се зезате со мене? „LOL“? 

Адам, кога го пишувавте сценариото, како се решивте да го направите ликот на Крис Рок како лик врз кој доминира неговата сопруга?

Тоа беше идеја на Роберт Смигел. Во оригиналниот текст го немаше тоа.

Ќе ни кажете ли нешто за кастингот на Селма Хајек за овој филм? Вие ја одбравте?

Зборувавме за правењето на овој филм долго време. Селма беше на располагање. Таа веќе беше дел од „Зохан“ и во ред други филмови. Никогаш не сме успеале да ги усогласиме распоредите, но овој пат ни успеа. Беше интересно Селма да ви биде сопруга. Таа е супер жена.  

Колку беше тешко да се работи со толку деца наоколу?

Замислете го тоа како фотографирање. Кога некој  на улица ќе ви каже, „Може ли да нѐ сликате?“. И тоа трае и трае. Го држи апаратот, па додека го стисне копчето... а многу луѓе застанати и чекаат... тоа започнува да нѐ иритира и почнуваме да си велиме себе си, „Аман, сликај веќе еднаш.“ Стануваме нервозни. И тогаш конечно шкрапнува апаратот.

Се враќаме на децата. Дали сте се почувствувале како: „Ох Господе, ќе изговорам некоја пцовка. Морам да се приберам.“ Кој е ваша омилена пцовка?

Нема многу пцовки во филмот. Кога пцуете пред деца, веднаш потоа се чувствувате виновен.

Имаше ли кутија за пцовки на ова снимање?

Не. Имаше на минатиот филм. Казната беше 20 долари по пцовка. Мислам дека им должиме на децата околу 1.400 долари.  

Која е вашата омилена пцовка?

Не знам. Знам дека омилена таква реченица ми е онаа на Дејвид: „Ми се скина кондомот.“

03-07-2011
Коментари Потребна е или за да коментирате!
Нема коментари. Напишете го првиот коментар!
Поврзани филмови
Поврзани статии
Таа има репутација на светски позната дива, но за време на интервјуто во лоднонскиот „Clardige’s Hotel“, Џенифер Лопез беше принцеза на шармот, подготвена да го извади...
Џуд Ло има 37 години, има модерна кратка брада од еден ден и лежерно разбушавена коса. Носи црно сако и црни фармерки со сива блуза во „V“ облик.
КАН - Немате често можност да интервјуирате актерка која дипломирала на „Trinity College“ на „Кембриџ“. Уште поретко ако станува збор за девојка со зашеметувачка...
Многу пред Роб Патинсон, постоеше Лео. Веројатно и се сеќавате на поимот „Леоманија“, кој се појави по неверојатниот успех на „Титаник“ во 1997 година, каде...
Вивер зборува за нејзината улога, за тоа како ги анимираат движењата и за еден погрешно информиран обожавател од Хаваите.

Камерон раскажува за 2Д наспроти...
Откажи