Почетна Распоред Магазин Програма Видеа | Истражете го „НВО“ Претплатете се | Регистрација Најава
Најава
Откажи
HBO сметка

Доколку веќе поседувате регистрирана сметка на веб-страницата на „НВО“, внесете го вашето корисничко име и лозинка!

Најавете се Заборавена лозинка
Facebook сметка

Доколку имате Facebook сметка, со само еден клик ќе станете и „НВО“ корисник. Кликнете на копчето „Најава со Facebook“ и уживајте во веб-страницат

Регистрација
Откажи

Добродојдовте на веб-страницата на „НВО“, драго ни е што ве гледаме!

Но, зошто и да не влезете? Внесете ги вашите податоци и поврзете се со светот на зависниците од квалитетна програма и филмови! Секако, можете да уживате во содржините на веб-страницата и без да споделите какви било податоци, но зошто да го пропуштите задоволството кое го нудат нашите функционалности?

Зошто да се регистрирате?

Повеќе персонализација: креирајте лични распореди, добивајте известувања, направете список на омилена програма, видеа и статии, или добивајте препораки за програмата, врз основа на вашиот вкус за филмови!

Повеќе ексклузивности: приклучете се на „HBO Live!“ настаните или учествувајте во натпревари, играјте игри, учествувајте во квизови за вредни „НВО“ награди!

Повеќе информации: вашето мислење ни значи! Коментирајте, вклучете се во дискусии, оценувајте ја вашата омилена или омразена програма, или напишете рецензија!

Задолжителни информации

Регистрација
    Ако повеќе сакате, можете да се поврзете со вашата Facebook сметка!
Вечерва на HBO:
20:05 Циркус на чудаците:... 21:55 Адвокатот со Линколн 23:50 13
Интервјуа
Интервју со Џуд Ло („Шерлок Холмс“)
Издвоени интервјуа
„Некој да ми кажеше дека ќе пеам на „Country Music Awards”, немаше да му поверувам“
~ Гвинет Палтроу ~
„Јас ги гледам сите жени како силни. Моите ќерки, мојата мајка и сите жени кои ги познавам се силни личности.“
~ Анџелина Џоли ~
Јас сум многу несигурна и речиси целиот живот се борам против тоа чувство.
~ Меган Фокс ~
„Синтија има навистина посебен поглед на себе. Таа е неверојатно мека и многу емоционална...“
~ Сара Џесика Паркер ~
„Искрено, не би сакала да играм некој со натприродна моќ, затоа што е мошне досадно.“
~ Камерон Дијаз ~
„Јас дури не ни знаев дека сум бремена, а одеднаш излегоа дека се близнаци.“
~ Џенифер Лопез ~

Интервју со Џуд Ло („Шерлок Холмс“)

A A
Џуд Ло има 37 години, има модерна кратка брада од еден ден и лежерно разбушавена коса. Носи црно сако и црни фармерки со сива блуза во „V“ облик.
„Театарот е многу подиректен - проби, сцена, крај на сезоната и продолжуваш понатаму.“

Се појавија гласини дека повторно барате куќа во Лондон.

Да, можеби нешто барам. Но, тоа не мора да значи дека ќе биде во Лондон. Кога го правевме „Шерлок Холмс“, снимавме на места кои беа прекрасни. Видов неверојатно убави предели во Британија кои никогаш претходно не сум ги видел. Манчестер, Ливерпул... Но, секако, како лондонец, никогаш не престанав да се воодушевувам од тој град. Некои од локациите беа совршени. Дел од работата беше и во студио, но радосен сум што поголем дел беше направено надвор. Навистина е убаво кога снимате надвор од студио.

Што ве натера да посакате да го играте доктор Вотсон?

Ми требаше работа. Тоа е нешто што ги мотивира сите актери. Желбата да се работи. Ми се допадна сценариото и фактот што ќе работам со Гај Ричи и фактот што ќе биде светски филм кој нема да го загуби британскиот идентитет. Исто така, сакав да работа и со Роберт Дауни Џуниор, за кого сметам дека е еден од највозбудливите актери на денешницата. И да бидам искрен, сакав да направам нешто посебно со ликот на доктор Вотсон кој најчесто беше портретиран како дрдорко и палјачо. Многу се израдував кога видов дека Холмс и Вотсон се многу повеќе Буч и Санденс, отколку Лорел и Харди.

Има ли нешто заедничко во улогите кои сте ги играле?     

Всушност има. Сите ќе ве заплашат. Или би требало да го направат тоа. Секогаш се прашувам дали ќе можам да го направам тоа. Сметам дека ако нема страв, тогаш ризикувате да бидете самозадоволен, а тоа ќе значи лажна глума. За улогата на Востон на филм бев еднакво уплашен како за улогата на Хамлет во театар. И така треба да биде.

Вотсон се прикажа како вистински акционен херој во филмот.

Да. Не заборавајте дека тој бил војник во афганистанските војни во викторијанската ера и дека бил гради во гради со непријателот. Тој не е само медицинско лице, туку и војно подготвен човек. Во дел од сцените не користевме двојници и беа мошне тешки за снимање. Најтешки беа оние сцени во кои Гај бараше точни удари од нас кои траат околу седум секунди. Треба да бидете мошне концентрирани. Фала на Господа, Роберт имаше многу повеќе такви сцени од мене. Како и да е, беше интересно и возбудливо.  

Која е вашата омилена воена вештина?

За волја на вистината, ниту една. Го оставам тоа на експертите. Не ме интересираат многу воените вештини. Барем не досега.

Значи тоа беше вистинска авантуристичка приказна?

Да, со елементи на интрига, изненадувања, напнатост и тешки повреди. Се надевам дека ќе им се допадне филмот на обожавателите на Артур Конан Дојл. Особено што покажавме голема почит кон него и кон неговото творештво.

Како ќе го сумирате ликот на Вотсон?

Храбар, молскавично брз и многу лојален. Тој е мошне самоуверен затоа што во тоа време било вистинска чест да се биде англичанец. Луѓето од викторијанската ера успеале да создадат империја, која светот претходно не ја видел. Речиси една третина од светската мапа била британска. Во исто време, тој е еден вид контрапункт на Холмс, кој е себичен, арогантен и лесно запаѓа во депресија.

Вотсон успева да го освои и срцето на една прекрасна девојка.

Да. Тој и убавата Мери Морстан (ја играше Кели Рејли) се свршуваат и покрај противењето на Холмс. Сметам дека Холмс тајно ја сакал Морстан и затоа не е многу среќен кога Вотсон ќе објави дека се сели од просториите во улицата „Бејкер“ и дека купува своја куќа.

Според тебе, која е причината што луѓето и натаму ги обожуваат Холмс и Вотсон?

Мислам дека е фактот што пред стотина години, Конан Дојл создал два прекрасни лика кои биле опкружени со злобни луѓе и кои постојано се дел од неверојатни, но ситуации кои вистински постојат. Колку и да звучи чудно, јас мислам дека Холмс и Вотсон се еден ист лик.

Се зборува дека филмот ќе има продолжение?

Ако некој ми ја понуди повторно улогата, ако Роберт е дел од тимот и ако сценариото е добро, нема да кажам не. Всушност, има нешто што можеби не го знаете. Роберт е во многу подобра позиција за преговарање, затоа што спие со еден од продуцентите на филмот. Тоа е неговата сопруга Сузан Дауни.            
 
Кога за првпат се запознавте со приказните на Конан Дојл?

Колку и да е чудно, тие приказни не беа дел од моето детство. Првпат се запознав со неверојатните приказни на Дојл за време на моето второ ТВ појавување. Имав мала улога во една од сериите во кои Џереми Брет настапува како детектив. Сѐ што се сеќавам е дека Џереми беше многу љубезен.

Беше кажано дека ова е некаква „реинтерпретација“ на приказните на Дојл?

Тоа е делумно точно. Но, во секоја сцена има нешто од оригиналните приказни. Луѓето велат дека има една сцена во која Холмс го вперува пиштолот на ѕидот од собата и пука... со куршумите испишува „V R“ што е симбол на кралицата Викторија. Обожавателите на Шерлок ќе ви кажат дека постои таква случка во оригиналните дела.     

Постои ли разлика помеѓу начинот на снимање во Англија и во САД?

Да, постои. Станува збор за работната етика. Во САД сте многу посвесни дека студиото го контолира трошењето на парите и ти си дел од производот. Овде, се работи на многу поцивизлиран начин. Сепак, кој е тој што ќе одреди што е правилен начин на работа? Важно е крајниот производ да биде успешен.

Ви се случило ли да помислите дека токму тој филм кој го снимате ќе биде нешто специјално?

Не секогаш. Понекогаш може да почувствуваш, но секоја изведба која ќе ја направиш може да биде сменета кога ќе го погледнете крајниот производ. Мислам дека најважниот момент е реакцијата на публиката и критиката. Може да ви биде од голема помош ако опкружувањето има автентичност и интегритет. Секој актер дава сѐ од себе. Никој не би сакал да направи лош филм.

Што е најважно за добар филм или театарска претстава?

Прво, да се има добро сценарио, второ, да имате режисер на кој му верувате. И секако, да бидете дел од добра актерска екипа и да се зафатите сериозно за работа. Најдобрата работа што може да ви се случи е да се будите наутро возбудени и со желба да одите на работа.

Театар или филм?

Ги сакам и двете, ама на посебен начин. Филмот може да ти одземе многу од времето доколку имате значајна улога. Театарот е многу подиректен - проби, сцена, крај на сезоната и продолжуваш понатаму.

Дали ги сакате историските филмови?

Не повеќе отколку другите жанрови. Ако играте карактер од друго време и место, твоја должност е да ја почитуваш волјата на оригиналниот автор. Без оглед дали е Шекспир или некој друг. Но и да им дадете современи карактеристики на тие ликови, со цел да може публиката да се поврзе со нив.

Во основа, доктор Вотсон е добар човек. Но добрите улоги обично се досадни.

Да, тоа е точно. Но, тој е исклучок од тоа правило. Се согласувам со вас - дајте ми улога на злобен човек кој има некаква темна и страшна тајна. Кој би сакал да го игра принцот од приказните?

Која е вашата цел, Џуд?

Како актер, да правам филмови кои би сакал да одам и да ги погледнам или да бидам во претстави за кои би чекал ред да купам билет. Да работам со луѓе од кои можам да научам нешто и кои ми даваат инспирација. И ако може да продолжам да се занимавам со тие работи колку може подолго.

Би сакале ли да го играте Хамлет повторно?

Некое време не. Тоа значи дека и да сакам, ќе бидам премногу стар да го играм. Но ми се допадна тоа искуство и планирам и натаму да работам на театарски постановки.
 
Што е следното што ќе го правите?

Филмот „Repo men“ и уште неколку „ќе ги биде, нема да ги биде“ работи.  

Што може вистински да ве изнервира?

Начинот на кој медиумите, особено тука во Британија, ги нарекуваат луѓето. Јас бев едно време Џуд Ло „љубовникот“.

 Што е најсрамното нешто што ви се случило?

Кога бев сместен во женскиот дом како тинејџер, кога се приклучив кон Националниот младински музички театар. Некој го видел името „Џуд“ и помислил дека сум девојка.   

Која е тајната на успешната актерска кариера?

(се смее) Да се има работа. Не, сериозно, мислам дека нема никаква тајна. Она што ќе кажам е; „прави по малку“, затоа што колку и да звучи парадоксално, кога правиш по малку постигнуваш многу повеќе.

03-07-2011
Коментари Потребна е или за да коментирате!
Нема коментари. Напишете го првиот коментар!
Поврзани видеа
Поврзани филмови
Поврзани статии
Таа има репутација на светски позната дива, но за време на интервјуто во лоднонскиот „Clardige’s Hotel“, Џенифер Лопез беше принцеза на шармот, подготвена да го извади...
Најнапред, две прашања. Бидејќи сте татко, дали овој филм е еден начин да излезете на крај со стравот дека растете елитно дете од Беверли Хилс кое би можело да...
КАН - Немате често можност да интервјуирате актерка која дипломирала на „Trinity College“ на „Кембриџ“. Уште поретко ако станува збор за девојка со зашеметувачка...
Британскиот актер Бенедикт Камберпеч ќе учествува во борбена сцена со неговиот колега од „Шерлок Холмс“ Мартин Фримен во претпродолжението на „Господарот на...
Многу пред Роб Патинсон, постоеше Лео. Веројатно и се сеќавате на поимот „Леоманија“, кој се појави по неверојатниот успех на „Титаник“ во 1997 година, каде...
Вивер зборува за нејзината улога, за тоа како ги анимираат движењата и за еден погрешно информиран обожавател од Хаваите.

Камерон раскажува за 2Д наспроти...
Ѕвездата на кино хитот „Војник: издигање на кобрата“ ни открива интересни детали за себе, што е неговата страст и какво е чувството да се глуми филмски херој.
Откажи