Почетна Распоред Магазин Програма Видеа | Истражете го „НВО“ Претплатете се | Регистрација Најава
Најава
Откажи
HBO сметка

Доколку веќе поседувате регистрирана сметка на веб-страницата на „НВО“, внесете го вашето корисничко име и лозинка!

Најавете се Заборавена лозинка
Facebook сметка

Доколку имате Facebook сметка, со само еден клик ќе станете и „НВО“ корисник. Кликнете на копчето „Најава со Facebook“ и уживајте во веб-страницат

Регистрација
Откажи

Добродојдовте на веб-страницата на „НВО“, драго ни е што ве гледаме!

Но, зошто и да не влезете? Внесете ги вашите податоци и поврзете се со светот на зависниците од квалитетна програма и филмови! Секако, можете да уживате во содржините на веб-страницата и без да споделите какви било податоци, но зошто да го пропуштите задоволството кое го нудат нашите функционалности?

Зошто да се регистрирате?

Повеќе персонализација: креирајте лични распореди, добивајте известувања, направете список на омилена програма, видеа и статии, или добивајте препораки за програмата, врз основа на вашиот вкус за филмови!

Повеќе ексклузивности: приклучете се на „HBO Live!“ настаните или учествувајте во натпревари, играјте игри, учествувајте во квизови за вредни „НВО“ награди!

Повеќе информации: вашето мислење ни значи! Коментирајте, вклучете се во дискусии, оценувајте ја вашата омилена или омразена програма, или напишете рецензија!

Задолжителни информации

Регистрација
    Ако повеќе сакате, можете да се поврзете со вашата Facebook сметка!
Вечерва на HBO:
20:05 Циркус на чудаците:... 21:55 Адвокатот со Линколн 23:50 13
Интервјуа
Интервју со Џенифер Лопез („Резервен план“)
Издвоени интервјуа
„Некој да ми кажеше дека ќе пеам на „Country Music Awards”, немаше да му поверувам“
~ Гвинет Палтроу ~
„Јас ги гледам сите жени како силни. Моите ќерки, мојата мајка и сите жени кои ги познавам се силни личности.“
~ Анџелина Џоли ~
Јас сум многу несигурна и речиси целиот живот се борам против тоа чувство.
~ Меган Фокс ~
„Синтија има навистина посебен поглед на себе. Таа е неверојатно мека и многу емоционална...“
~ Сара Џесика Паркер ~
„Искрено, не би сакала да играм некој со натприродна моќ, затоа што е мошне досадно.“
~ Камерон Дијаз ~
„Јас дури не ни знаев дека сум бремена, а одеднаш излегоа дека се близнаци.“
~ Џенифер Лопез ~

Интервју со Џенифер Лопез („Резервен план“)

A A
Таа има репутација на светски позната дива, но за време на интервјуто во лоднонскиот „Clardige’s Hotel“, Џенифер Лопез беше принцеза на шармот, подготвена да го извади нејзиниот прстен, гардероба или чевли, за да може водителот на ова интервју да ги прочита етикетите. Но, најважно е што таа беше расположена да зборува за нејзиниот живот како сопруга и мајка. Можеби ова има некаква врска и со фактот што го промовира филмот чие дејство е мошне слично со она на нејзиниот живот. Иако таа не ги доби своите близнаци со вештачко оплодување, како што беше случај со хероината во „Резервен план“.
„Јас дури не ни знаев дека сум бремена, а одеднаш излегоа дека се близнаци.“

Со оглед дека и вие самата сте мајка, какво беше чувството да се игра овој лик? Од една страна, таа е многу различна од вас, а од друга страна многу слична на вас.

На почетокот, таа беше личност која е 180 степени поинаква од тоа каква сум јас во мојот живот. Емоцинално, нејзиниот живот, нејзините пријатели. Никогаш не сум имала таков живот: да поседувам сопствен бизнис, да бидам сосема сама уште како млада... Јас израснав во големо семејство. Подоцна, кога остана бремена, сè се промени. Мислам дека секоја жена поминува низ такви работи кога е бремена. Си помислувате дека сте единствени, но тоа им се случува на милиони жени во истиот момент.       

Таа останува шокирана кога ќе дознае дека носи близнаци. Како вие се чувствувавте кога дознавте дека ќе имате близнаци?

Прво почнав да се смеам. Јас дури не ни знаев дека сум бремена, а одеднаш излегоа дека се близнаци. Сето тоа ми изгледаше многу природно. Марк започна да плаче. Беше многу трогнат и не можеше да поверува. Тоа беше посебен настан за него. Јас си реков дека ќе биде прекрасно. Искрено, не очекував близнаци.
 
Бевте среќни?

Да. Почнав да се смеам од радост.

Вие сте познати по тоа што се занимавате со многу нешта - музика, филмови, мода... Како фактот што станавте мајка влијаеше на сето тоа?

Навистина е едноставно, прво се бебињата, а потоа следи сѐ останато. Тоа не значи дека работата не ми е повеќе важна. И не само тоа, туку сакам да биде и поквалитетна отколку што била претходно. Како поминува времето, секој сака да порасне, да еволуира како артист. Сепак, на прво место се бебињата.

Дали беше лесно да се прилагодите на тие промени?

Не знам. Еднаш кога ќе се случат, вие веќе сте дел од нив. Немате друг избор освен да  се прилагодите. Беше забавно. Не е лесно, но подобро е така. Животот ви станува подобар.

Дали тоа донесе нови вредности во вашиот живот?

Сакам да мислам дека моите родители ме пораснаа со вистинските вредности. Добра работна етика, доброто да биде најважно, духовност... верувам дека сите тие работи заедно ме направија да бидам среќна. Сакам да ги растам моите деца на тој начин.

Како го прилагодувате вашите работен распоред со семејството? Кој се грижи за децата кога сте на патување некаде низ светот?

Ги носам со мене. Во овој период моето семејство го носам со себе. И мојата сестра секогаш доаѓа со своето бебе. Така сега имаме три бебиња. Во текот на денот, бебињата се со мојата сестра Линда. Излегуваат, се шетаат. Само оставете ги цел ден да трчаат и да играаат и потоа се подготвени за спиење. Секој ден го планираме. Сакам да си играат во парк во Париз. Тоа е нешто кое јас како мала не можев да го направам. Да одам во „Хајд парк“ или да се вртам на вртелешка во Шпанија... тие можат да го прават тоа поради типот на мојата работа. Дури и да не сме по цел ден заедно, навечер морам да ги проверам, се будам со нив, ги ранам наутро, ги ставам да поспијат малку... И цело време е тоа - работа, работа, работа. Тешко е, мора да се баланисира, но јас уживам во тоа.  

Кога сте дома во Америка, колку ви е важно да бидете сами - вие, Марк и децата?

Она што е интересно е дека, дури и кога сме дома, ние постојано работиме. Затоа, понекогаш ни е потребна помош. За време на викендите, на бебиситерката ќе ѝ кажеме „оди си дома и остави нѐ сами со бебињата“. Нам ни е потребно тоа време со нив. И ним им е потребно. Среќни сме што можеме подолго време да бидеме дома, па дури и кога поголем дел од тоа време не им е посветено на бебињата. Барем можам да ги видам кога ќе посакам. Тоа е доволно.

Очигледно е дека многу вежбате. Можете ли да ни дадете некаков совет што ќе нѐ мотивира да вежбаме?

Како поминува времето, станува сè потешко за мене. А, сега со децата, ми изгледа како да немам време за ништо. Морам да станам пред нив, затоа што вежбам. Важно е да има работа и да знаете дека тоа е добро и за вашето тело и вашиот ум. Исто така и вежбањето. Тоа е добро за душата и за умот. Прави вашиот ден да започне добро. Како и да е, тоа е напрона работа, особено ако сте вработена мајка.
 
Дали чувствувате притисок? И покрај сѐ, луѓето и натаму се фокусирани на вашиот изглед.

Да. Тоа е важен дел од мојата работа. Сметам дека секој има притисок на своето работно место и тоа е случај и со мене. Кога станува збор за изгледот, секогаш сум имала среќа. Како прво, не јадам многу. Сакам да јадам, но не да се прејадувам. Секогаш сум можела да држам рамнотежа и секогаш сум имала атлетско тело. Дури и покрај тоа што ми е тешко да најдам време за вежбање, јас уживам во таа активност.

Филмот ја претставува бременсота многу реално. Дали и вие ги почувствувавте истите работи?

Да, сѐ беше реално прикажано. Тоа беше мошне важно за мене. Жената која го напиша сценариото штотуку беше добила бебе. Исто како и јас. Но, со оглед дека ржисерот е маж, определни работи не беа прикажани. Затоа и му рековме: „Слушај, ова е мошне важно - сцената со говедското месо мора да биде во филмот. Таа е гладна, буквално умира за храна. Наместо да им кажеме, ајде да им покажеме дека е гладна. Тоа и се случи. Сакавме да ги покажеме сите оние бизарни работи што ви се случуваат кога сте бремени. На пример, кога се чувствувате исцрпено. Претходно, јас не бев таква. Не сакав да дремнувам, дури не сакав да спијам навечер. Сакав постојано да бидам на нозе. Но, кога бев бремена, не можев да ги држам очите отворени. Сакав да спијам. На перница. Секоја жена има своја перница.

Дали и вие ја имавте?

Секако. Мора да имате перница.

Како се однесуваше Марк во текот на бременоста?

Тој ја зема перницата и сега спие на неа. Кога јас бев во кревет, тој ја гушкаше перницата. Знае дека ако нешто не може да победи мора да му се приклучи. Тоа се тие интересни и забавни моменти. Убав момент во филмот е кога тој гледа во неа, убавата девојка која ја сретна на почетокот, и ја прашува: „Дали си тука?“ Како да се прашува, која е оваа што јаде, спие во мојот кревет и расте од минута во минута. Жената во такви моменти се губи. И нормално да е така, затоа што за неа тоа е чудо. Но, човек од надвор има проблем да се прилагоди на таа ситуација. И тоа е тоа што ми се допадна во овој филм. Навистина е еден отровно сладок момент кога таа му вели: „Тука сум, издржи со мене заедно, затоа што кога ќе се породам ќе почнам пак да мислам за себе.“     

Дали отсекогаш сте сакале деца?

Да. Секогаш сум сакала да имам семејство. Јас сакам бајки, затоа правам и гледам вакви филмови. Секогаш сум фантазирала да имам сопруг, деца, големо семејство и работа.

Некаде прочитав дека сте изјавиле дека сега, за првпат, се чувствувате како мажена жена, иако претходно двапати бевте во брак. Дали е вистина тоа?

Да, вистина е. Ова е првпат како чувствувам дека ние двајцата се бориме за врската. Дека градиме нешто. Претходните два брака беа кратки. Никогаш не работевме на прашањата кои беа битни. Дури не ни стигнавме до таму. Затоа, ова е за мене првиот вистински брак. Секако, ова не е навреда за другите мажи со кои сум била во брак. Двајцата е супер луѓе и двајцата имаат големо значење за мене, но тоа беа сосема различни врски од оваа. Веројатно и јас сум била поинаква тогаш. Сега созреав и пораснав. Можам да се трудам многу повеќе.

Колку ви беше важно што Марк беше покрај вас за време на целата бременост?

Ми беше многу важно. Јас се расплакав кога тој не сакаше да дојде на последната посета на мојот лекар. Ме најде зад вратата и ме праша што е проблемот, а јас плачев: „Не доаѓаш со мене на лекар.“ Тој рече: „Па, бев досега на сите посети. Имаше преку 700. А, јас повоторно: „Но овој последен пред да се породам“. Тогаш тој се согласи да дојде. Марк е многу трпелив  и за мене беше мошне важно што тој беше вклучен во текот на целата бременост. Има еден момент кој и е важен на секоја жена пред да се породи. А, тоа е кога има цело време некој до неа. Дури и при породувањето. Тој се согласи и на тоа. Тогаш докторот го однесе настрана и малку разговараа. Јас бев веќе со анестезија, го грабнав Марк за рака и му реков дека доаѓа со мене. Сестрата рече дека тоа е невозможно и тогаш сфатив дека ова мора да го направам сама. Во тој момент, мојот мајчински инстикт настапи со сета сила и си реков: „добро, одам да го направам тоа што треба да го направам.“ Потоа, тој влезе пред самата операција и беше навистина убаво што го имав покрај мене. Тоа е најубавиот ден во нашите животи.    
 
Што мислите за „Резервен план“? За жените кои не можат да го најдат вистинскиот и одат во болница за да одберат донатор на сперма?

Тоа е модерна придобивка. Пред 20-30 години тоа не беше возможно. Јас познавам жена која го направила тоа. Таа работеше со нас на еден филм и се породи речиси пред да започнеме со снимање. Таа беше во нејзините 40-ти, немаше сериозна врска, а сакаше дете. Таа ќе ја пропуштеше можноста да има дете, само поради тоа што немаше врска. И беше тажна поради тоа. Сега има дете. Да се види таа жена со своето дете на крајот на денот беше прекрасно нешто. Особено што знам колку исполнето се чувствувате кога ќе родите дете. Сепак, тоа е индивидуална одлука. Во овој случај, многу сум среќна за таа жена.     

Што ќе направевте ако бевте без Ентони?

Не знам. Јас сум многу традиционална личност. Не знам дали би го направила тоа. Немам ништо против инвитро оплодувањето, но од друга страна јас сум растена со мајка и татко кои постојано биле покрај мене. Да бидам искрена, многу е тешко да се биде самохрана мајка. Да се преземе такво нешто е мошне сериозно и не знам дали би го направила тоа.  

Се очекува да излезе и вашиот нов албум.

Многу сум возбудена, бидејќи ова лето излегува мојот нов албум. Завршив со презентирање и со изјави за печатот и одвај чекам да одам и да ја довршам работата. На овој албум работев 8 месеци. Сега сакам конечно да го завршам. Мајчинството направи таа работа многу да се оддолжи. Но, од друга страна, тоа е добро затоа што мајчинството ми помогна да созреам и сметам дека целата моја работа ќе има придобивка од тоа. Ќе кажам само дека мојата музика сега има многу заедничко со она низ што поминав.  

Дали тоа ќе значи нов музички правец?

Јас сум таа што сум. Сите мои албуми имаа определен музички стил и сметам дека тоа нема да се менува. Нема да се сменам и да правам народна музика. Тоа е екстремен случај, но знаете на што мислам. Новиот албум ќе биде микс од поп и денс музика со малку хип-хоп. Тоа е музиката со која израснав и која ја сакам. Ги истражувам сите работи кои секогаш сум ги истражувала и кои ми значат.

Дали би работеле повторно со својот сопруг?

Во овој момент не. Тој беше продуцент на мојот прв албум на шпански јазик и таа соработка беше супер. Дотогаш тој никогаш не продуцирал. Беше навистина убаво што стапивме во брак и бевме во можност заедно да работиме. Сепак, не знам дали ќе бидеме во можност заедно да работиме во наредниот период. Две години работевме сѐ заедно. Тој го продуцираше мојот албум, мојот филм, бевме заедно на турнеја, потоа добивме и деца. Сфативме дека имаме голема одговорност кон нашите фанови и затоа направивме сѐ што треба заедно. Сепак, ние сме посебни артисти и така треба да остане. Тоа е и разбирливо. Јас морам да го оставам него да прави тоа што треба да прави и обратно. Можеби во иднина повторно ќе работиме заедно.

Колку ви сметаат папраците кои се обидуваат да ги фотографираат вашите деца?

Сѐ уште не се доволно познати, затоа што не дозволувам да ги сликаат. Една од жртвите која ја правам е што не ги земам секогаш со мене токму поради таа причина. Кога излегуваме заедно, се обидуваме да испланираме да одиме таму каде што ќе нема папараци. Нѐ фатија неколку пати, ама тоа е вистинска реткост. Сепак, не сакам да ги одвојам од луѓето и од надворешната средина. Тоа се само две деца кои излегуваат со возрасни и никој не знае кои се тие.

Какви чевли носите?

„DKNY“.

Дали е тоа вистински дијамант?

Не. Јас сакам бижутерија.

Не го носите венчалниот прстен?

Понекогаш. Ако имам некоја работа или излегувам, носам она што оди со мојата гардероба. Како и да е, сакам да носам накит.

Толку многу е напишано за вас. Има ли нешто што не го знаеме и што може да ги изненади вашите фанови?

Со години сум под окото на јавноста и вие знаете сѐ за мене. Немам што да кажам. Сѐ е кажано.

Што сакате да правите кога имате слободен ден?

Сакам да се одмарам. Да бидам дома. Можеби луѓето не го знаат или не го претпоставуваат тоа. Тешко е мене да ме извлечете од дома. Дури и кога станува збор за една од моите омилени активности - шопингот.

Што правите кога сте дома?

Си играм со децата, гледам ТВ, готвам, се релаксирам, гледам филмови, слушам музика.

Кое е вашето омилено јадење?

Сакам да готвам ориз и грав. Тоа се традиционални порторикански јадења. Кога станува збор за месо, сакам пилешко или стек.

Кое е вашето омилено ТВ шоу?

Го обожувам „So you think you can dance“. Го сакам и „Glee“. Ја гледав Мадона кога гостуваше. Ми остана да го догледам вториот дел.

03-07-2011
Коментари Потребна е или за да коментирате!
Нема коментари. Напишете го првиот коментар!
Поврзани филмови
Поврзани статии
Беверли Хилс - Меган Фокс стана секс симбол без да сака. Не дека таа не е свесна како нејзиниот изглед делува на мажите, но таа чувствува дека ѝ недостасува дрска...
Најнапред, две прашања. Бидејќи сте татко, дали овој филм е еден начин да излезете на крај со стравот дека растете елитно дете од Беверли Хилс кое би можело да...
Џуд Ло има 37 години, има модерна кратка брада од еден ден и лежерно разбушавена коса. Носи црно сако и црни фармерки со сива блуза во „V“ облик.
КАН - Немате често можност да интервјуирате актерка која дипломирала на „Trinity College“ на „Кембриџ“. Уште поретко ако станува збор за девојка со зашеметувачка...
Многу пред Роб Патинсон, постоеше Лео. Веројатно и се сеќавате на поимот „Леоманија“, кој се појави по неверојатниот успех на „Титаник“ во 1997 година, каде...
Откажи