close
Премиера
 
54817_-_254

Зима на HBO

Оваа зима на HBO уживајте во бројни филмски хитови, одлични серијали и цртани филмови.

ФИЛМСКИ ХИТОВИ:

Дедпул
Јануари 2017

Еден поранешен специјалец поминува низ експеримент што му дава подобрени моќи за да се лекува. Вооружен со своите нови способности и со мрачна смисла за хумор, Дедпул ги лови луѓето кои речиси му го уништиле животот.

Повратник
18-12-2016 20:00

Во една експедиција во неистражената американска дивина, легендарниот истражувач Хју Глас (Леонардо Дикаприо) е брутално нападнат од мечка и е оставен од членовите на неговата ловечка дружина. Во обид да преживее, Глас доживува неверојатна тага и предавство од страна на својот пријател Џон Фицџералд (Том Харди).

Капетан Америка: Граѓанска војна
01-01-2017 20:00

Во овој филм Стив Роџерс го предводи новиот тим Одмаздници во нивниот обид да го заштитат човештвото. Но, откако уште еден инцидент во кој се вмешани одмаздниците доведува до колатерална штета, се зголемува политичкиот притисок да се воведе систем на одговорност кој ќе го предводи владино тело.

Стив Џобс
Февруари 2017

Филмот нѐ носи зад сцената на дигиталната револуција, прикажувајќи ни го портретот на еден брилијантен човек. Приказната се случува при претставувањето на три познати производи и завршува во 1998 година со претставувањето на iMac.

Екс макина
08-01-2017 20:00

Кејлеб Смит (Домал Глисон) е 26-годишен програмер во најголемата компанија за интернет на светот. Тој победува на натпревар и добива викенд во еден приватен имот на планина, во друштво со брилијантниот и таинствен директор Нејтан Бејтман (Оскар Ајзак).

Алиса зад огледалото
15-01-2016 20:00

Алиса Кингли (Мија Васиковска) ги поминала минатите неколку години по стапките на нејзиниот татко, пловејќи по морињата. По враќањето во Лондон, таа наидува на една волшебна лупа и се враќа во фантастичниот свет на Андерленд кај нејзините пријатели Белиот Зајак, Абсолем, Чеширската Мачка и Лудиот Шапкар (Џони Деп).

Џој
10-12-2016 21:50

Филмот се заснова на животот и подемот на изумителката и ѕвездата на домашниот шопинг, Џој Мангано. Приказната која спојува повеќе жанрови, „Џој“ ни претставува едно лудо патешествие на едно трудољубиво но полураспаднато семејство, и на младата девојка која на крајот станува глава во семејството.

Ден на мајката
Февруари 2017

Спојувајќи ги Џенифер Анистон, Кејт Хадсон и Џулија Робертс заедно со Џејсон Судеикис, оваа комедија нѐ кани на многу смеа, солзи и љубов додека три генерации се спојуваат во недела која завршува со Денот на мајката.

На пат до ѕвездите 2
Февруари 2017

„Барден Белас“ се враќаат за да го освојат светот. Ова е продолжение на светската хит-комедија од 2012 година за еден факултетски хор составен од чудни ликови.


НАЈДОБРИ HBO СЕРИИ:

Големи мали лаги
Од 20. февруари 2017

Во 2017 година не пропуштајте ја „Големи мали лаги“, нова оригинална HBO серија која се базира на истоимениот бестселер. Во главните улоги ќе ги гледаме Рис Витерспун, Никол Кидман и Шејлин Вудли.

Младиот папа
Јануари 2017

„Младиот папа“ е приказна за почетокот на понтификатот на Пиј XIII. Во серијата игра Џуд Ло во улогата на сложениот и конфликтен Пиј XIII, првиот американски папа, а Дијана Китон во улогата на сестра Мери, американска калуѓерка во Ватикан.

Девојки VI
Од 13. февруари 2017


Последната сезона на хит серијата „Девојки“, според сценарио и режија на Лина Данам, се враќа на HBO на 13. февруари 2017 година.

Преспивање
Од 20. февруари 2017

Нова хумористична серија на Пит Холмс ни пристигнува на HBO во текот на месец февруари следната година.

Златен живот II
Од 10. јануари 2017

Во првата сезона од серијата, семејството Миклоши живееше луксузен живот, иако нивното богатство доаѓаше од сомнителните бизниси на таткото. Во втората сезона, семејството Миклоши мора да почне од нула. Секој од нив е прогонуван од минатото и никој од нив не може да избегне да се соочи со последиците што ги правел во минатото.

ФИЛМОВИ ЗА ДЕЦА:

Мињони
2016-12-11 20:00

Од мигот кога публиката првпат ги виде во „Подлиот јас“, отсекогаш се прашувавме од каде доаѓаат мињоните? Во „Мињони“, тоа прашање добива одговор и мињоните се претставени во приказна за нивното потекло која ја прикажува нивната непредвидлива личност и физичка особеност.

Книга за џунглата
2016-12-25 20:00:00


Могли е момче кое е одгледано од семејство волци. Но, Могли открива дека повеќе не е добредојден во џунглата кога страшниот тигар Шир Кан ветува дека ќе го елиминира тоа што го гледа како закана. Морајќи да го напушти домот, Могли оди на патување заедно со пантерот Багира, кој му станува ментор, како и веселата мечка Балу.

Пан: Патување во Недојдија
26-12-2016 20:00

Петар е немирно 12-годишно момче со бунтовна личност, но во мрачното лондонско сиропиталиште, каде што живеел целиот живот, тие квалитети не се баш посакувани. Тогаш, една ноќ, Петар е однесен од сиропиталиштето во фантастичниот свет на пиратите, воините и самовилите, наречен Недојдија.

Кунг фу панда 3
22-01-2017 18:25

Еден од најуспешните серијали на анимирани филмови во светот се враќа со најголемата хумористична авантура досега. Кога одамна изгубениот татко на По одеднаш се појавува, тие заедно патуваат во еден таен рај на пандите за да се запознаат со еден куп урнебесни нови панда-ликови.

Нинџа желки: Излегување од сенка
Февруари 2017

Откако се соочуваат со Секачот кој се здружил со лудиот научник Бакстер Стокман и со помошниците Бибоп и Рокстеди за да го освојат светот, Микеланџело, Донатело, Леонардо и Рафаел мораат да се соочат со злогласниот Кренг.

07-12-2016