close_x  
close
Премиера
 
54906_-_254

Запознајте ги фаталните HBO мајки од Монтереј

Не пропуштајте ја новата HBO драмска мини-серија во која настапуваат Никол Кидман, Рис Витерспун и Шејлин Вудли чија премиера е закажана за 20. февруари на HBO и HBO GO.

Во мирното приморско гратче Монтереј, Калифорнија ништо не е како што изгледа... мајки полни со љубов, успешни сопрузи, прекрасни деца, убави куќи. Колку совршени треба да бидат лагите кои ќе се кажат за да се заштити таквиот свет?

Базирана на истоимениот бестселер на Лиен Мориарти, серијата „Големи мали лаги“, која има седум продолженија, е субверзивна мрачно хумористична драма која раскажува приказна за убиство и гревови додека го соголува општествениот мит за совршеноста која наводно постои во нашата идеализирана слика за добар брак, секс, родителство и пријателство.

Да се запознаеме со одличната актерска екипа на „Големи мали лаги“.

Рис Витерспун како Медлин Марта Мекензи

Медлин е тврдоглава, страсна, силна жена која помни сè и ништо не заборава. Не се плаши да си создава непријатели помеѓу наметливите мајки во училиштето каде учат нејзините две деца. Нејзина најдобра пријателка е Селест, а кога срамежливата и чудна Џејн ќе се всели во градот, Медлин ѝ станува нешто како нејзината поголема сестра.

Никол Кидман како Селест Рајт

Богата, убава и со совршено семејство. Изгледа како Селест да има сè што ѝ е потребно. Единствен проблем? Нејзиниот приватен живот воопшто не е таков каков што изгледа.

Шејлин Вудли како Џејн Чепмен

Џејн е 24-годишна самохрана мајка со мрачна тајна која решава да се пресели во нов град за да му овозможи на синот Зиги подобро образование. Ја опишуваат како „мала и тенка“, незабележителна и со обично коњско репче на главата.

Лора Дерн како Рената Клајн

Моќна кариеристка која секогаш сака да биде во центар на вниманието. Рената и Џејн ќе дојдат во судир во врска со нивните деца, а Медлин е една од најважните луѓе кои ќе застанат на страната на Џејн. Тоа ќе го зацврсти нивното пријателство.

Александер Скарсгард како Пери Рајт

Посилната половина на Селест е Пери Рајт, згоден и успешен бизнисмен. Тој отворено ја покажува својата голема љубов кон сопругата и двата сина, Џош и Макс. Веруваме дека ќе го искористи својот шарм исто како што тоа го правеше во HBOсеријата „Вистинска крв“.


26-01-2017