close_x  
close
Премиера
 
55020_-_254

Ексклузивна премиера на новиот ТВИН ПИКС од 22. мај на HBO

ЛИМИТИРАНАТА SHOWTIME® СЕРИЈА ВО 18 ДЕЛОВИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ДВОЧАСОВНА ПРЕМИЕРА

Home Box Office, водечката премиум телевизиска мрежа, со гордост ја најавува ексклузивната премиера на новиот ТВИН ПИКС, лимитирана серија во 18 делови, која во Македонија премиерно ќе се прикажува од 22. мај на HBO и HBO GO.

Новиот Твин Пикс е напишан и продуциран од страна на творците и извршните продуценти на серијата Дејвид Линч и Марк Фрост, како и од извршната продуцентка Сабрин С. Сатерленд, додека режисер е Дејвид Линч.

Твин Пикс е една од најреволуционерните и највлијателните телевизиски серии на сите времиња, а новата SHOWTIME серија продолжува 25 години откако жителите на еден мирен северозападен град останаа шокирани од убиството на кралицата на училишниот танц, Лора Палмер.

Во долгоочекуваниот нов ТВИН ПИКС ќе гледаме бројни имиња од оригиналната актерска постава, вклучувајќи го и Кајл Меклахлан како Дејл Купер, специјален агент на ФБИ, а на еипата се придружија и нови членови.

Новиот ТВИН ПИКС има 18 делови во траење од по 60 минути, а првите два дела ќе бидат премиерно прикажани на 22. мај ексклузивно на HBO и HBO GO.

Исто така, и првата и втората сезона ќе бидат дел од понудата на HBO:

• HBO GO - од 1. мај ќе бидат достапни сите епизоди од првата и втората сезона

• HBO 3 – од 1. мај, секоја вечер од понеделник до петок од 23 часот ќе се емитуваат по две епизоди, додека во сабота ќе се прикажува маратон од сите епизоди кои се прикажале таа седмица

10-04-2017