close_x  
close
Премиера
 
54657_-_254

Ексклузивна премиера на нова серија во копродукција на HBO - „Младиот папа“

HBO ја најавува ексклузивната премиера на првите две епизоди на новата серија „Младиот папа“ кои на HBO каналот ќе бидат емитувани во петок, 28. октомври во 20 часот.

Секој петок во истиот термин ќе се прикажуваат по две нови епизоди, а серијата ќе биде достапна и преку услугата на видео на барање HBO On Demand.

Првата епизода на „Младиот папа“ ќе биде достапна бесплатно преку услугата HBO GO.

Сите гледачи во Македонија кои од 28. октомври до 27. ноември ќе ја посетат страницата www.hbogo.mk ќе имаат можност бесплатно да ја погледнат првата епизода на новата серија „Младиот папа“.

За серијата:

„Младиот папа“ ја раскажува контроверзната приказна за почетокот на понтификатот на Пиј XIII, роден како Лени Белардо. Тој претставува комплексен и конфликтен лик, кој во своите животни избори бил премногу конзервативен, а сепак полн со сочувство за послабите и сиромашните. Мудар и наивен, ироничен и педантен, сомничав и одлучен, меланхоличен и немилосрден, Пиј XIII се обидува да ја премине бескрајната река на човечката осаменост за да го пронајде Бог кој може да го подари на човештвото. Но, и на самиот себе.

Серијата, која беше претставена на Филмскиот фестивал во Венеција, е во режија на Паоло Сорентино, добитник на „Оскар“ за филмот „Големата убавина“. Серијата „Младиот Папа“ има десет епизоди, а во главната улога ќе го гледаме Џуд Ло.

Во главните улоги: Џуд Ло (Лени Белардо) во улогата на комплексниот и конфликтен Пиј XIII, прв американски папа, Дајан Китон (Сестра Мери)
американска калуѓерка која живее во Ватикан,Силвио Орландо ќе го гледаме во улогата на Кардиналот Воиело, главен советник во Ватикан, Хавиер Камара во серијата го игра монсињор Гутиерез, главен и одговорен човек за сите церемонии во Ватикан, Скот Шепард се појавува во улогата на пријател на Белардо од детството, сега Кардинал Дусолие, додекаСесил де Франс ја игра Софија Дубуа, главна и одговорна личност за целокупниот маркетинг на Ватикан.

Други членови на актерската екипа се: Лудивин Сање („Swimming pool“, „8 Women“), Тони Берторели („The Passion of the Christ“, „The Son's room“, „Silk“), Џејмс Кромвел („Babe“, „L.A.Confidential“, „The Green Mile“, „The Queen“, „The Artist“).

26-10-2016