close
Премиера
 
54549_-_254

Ексклузивна премиера на новата HBO серија „Вестворлд“

Премиера на новата, оригинална HBO серија „Вестворлд“ на HBO каналот ќе се емитува во понеделник, 3. октомври во 20 часот. Новите епизоди ќе се емитуваат секој понеделник во истиот временски термин.

Првата епизода на „Вестворлд“ во понеделник ќе биде достапна и преку нашата услуга на видео на барање - HBO On Demand.

За серијата:
Едночасовната драмска серија „ВЕСТВОРЛД“ претставува мрачна одисеја за зачетокот на вештачката свест и за еволуцијата на гревот. Дејството се одвива во блиската иднина и прикажува свет во кој секоја човечка желба, без разлика колку е благородна или лоша, може да се искуси.

Со исклучителна актерска екипа, предводена од Ентони Хопкинс, Ед Херис, Еван Рејчел Вуд, Џејмс Марсден, Танди Њутон и Џефри Рајт, „Вестворлд“ е инспирирана од филмот од 1973 година, според сценарио и режија на Мајкл Кричтон („Паркот Јура“).

Извршни продуценти:

Оваа серија од десет епизоди е создадена од страна на продуцентите Џонатан Нолан („Интерстелар“, „Темниот витез“) и Лиза Џој („PushingDaisies“, „BurnNotice“). Други извршни продуценти се Џ. Џ. Абрамс и Брајан Бурк („Изгубени“, новите филмови „Војни на ѕвездите“ и „Ѕвездени патеки“), како и Џери Вајнтрауб.

Во главните улоги:
Д-р Роберт Форд (Ентони Хопкинс)
Актерската екипа на „Вестворлд“ ја предводи Ентони Хопкинс („Ное“, добитник на „Оскар“ за „Кога јагнињата ќе стивнат“) во улогата на д-р Роберт Форд, основачот на „Вестворлд“, кој има визија за паркот и неговата еволуција

Човекот во Црно (Ед Херис)
Ед Херис („Snowpiercer“, добитник на „Златен глобус“ за HBO филмот „Промена на играта“, номиниран за „Оскар“ за „Полок“ и за „Аполо 13“) во улогата на Човекот во Црно, приказот на чисто зло во еден човек

Долорес Абернати (Еван Рејчел Вуд)
Еван Рејчел Вуд (HBO серии „Милдред Пирс“ и „Вистинска крв“) во улогата на Долорес Абернати, ќерка на провинциски ранчер која почнува да открива дека нејзиното идилично постоење е внимателно создавана лага

Теди Флад (Џејмс Марсден)
Џејмс Марсден („Возот Д“, филмовите за „Луѓето Икс“) во улогата на Теди Флад, нов гостин кој има близок однос со Долорес

Мив Мили (Танди Њутон)
Танди Њутон („Половина од жолто сонце“, „Невозможна мисија 2“) во улогата на Мив Мили, мадам со инстинкт за преживување

Бернард Лоу (Џефри Рајт)
Џефри Рајт („Игри на глад“, HBO филмот „Потврда“ и серијата „Апсолутна власт“) во улогата на Бернард Лоу, брилијантниот водач на програмерскиот оддел на „Вестворлд“.

Други членови на актерската екипа се: Тереза Томсон („Крид“), Сидси Бабет Нудсен („Борген“), Џими Симсон („Куќа на карти“), Родриго Санторо („33“), Шенон Вудвард („Одгледување на Хоуп“), Ингрид Болсо Бердал („Дневниците на Чернобил“), Бен Барнс (филмовите за „Хрониките на Нарнија“), Сајмон Квортермен („Ѓаволот однатре“), Анџела Сарафјан („Сага на самракот“), Лук Хемсворт („Инфини“) и Клифтон Колинс Јуниор („Ѕвездени патеки“).

30-09-2016