Редмејн е избран за најдобар актер, додека Вилијамс го понесе трофејот за најдобра женска улога, а се обрати пред публиката преку претходно снимена видео порака.
Земајќи ја наградата, Редмејн, кој е заштитно лице на една од најголемите британски модни куќи „Mulberry“, духовито изјави: „Никогаш не сум бил во просторија со толку убави луѓе. Може да се вратам?“
Нивната заедничка победа доаѓа само неколку дена откако не освоија ниту една награда на „BAFTA“.
Други победници на „Elle Style Awards“ беа фронтменот на „Florence and The Machine“, Флоренс Велч кој ја освои наградата за најдобра музика, како и историската драма „Downton Abbey“ која се закити со наградата за најдобра тв драма.
Британската моделка Рози Хантигтон - Витли е избрана за жена со најдобар стил, Кристина Хендрикс од „Mad Men“ е најдобра тв актерка, додека Џесика Честеин од „The Help“ ја доби наградата „Next Future Icon“.






















