close_x  
close
Премиера
 
54572_-_254
Извор: HBO

Ќе се снима втора сезона на „Одржување хај“

По усшениот старт на првата сезона, HBO даде зелено светло за втората сезона на серијата „Одржување хај“.

По идеја и сценарио од сопружниците Катја Бличфелд и Бен Синклер, „Одржување хај“ следи еден дилер на марихуана од Бруклин кога им ја носи на клиенти со неврози разновидни како и градот. Бен Синклер е во главна улога како Баткото, дилер на трева за секого, кој одвреме-навреме им се појавува во животите на разни жители на Њујорк, обезбедувајќи им марихуана, гледајќи ги нивните секојдневни рутини и воочувајќи како ја пушат тревата. Серијата е продуцирана од Катја Бличфелд, Расел Грегори и Бен Синклер.

„Реакцијата на првите неколку епизоди беше неверојатна и затоа решивме веднаш да продолжиме со снимање на нова сезона“ - изјави Кејси Блојс, диркетор на новите програми на HBO.

Серијата „Одржување хај“ можете да ја гледате секоја недела во 23 часот на HBO, како и преку услугата на видео на барање HBOOn Demand. Првата епизода можете да ја погледнете бесплатно и без регистрација на HBOGO. Клик ОВДЕ.

03-10-2016 | Извор: Deadline Hollywood